НАЈНОВО

Македонија

Сè уште се трага по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

Нема нови информации, полицијата сè уште трага по 14-годишното девојче, на кое вчера му се изгуби трагата, откако во 7 часот утрото заминало во училиште, во Општина Центар. За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка.

„Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816“, стои во објавата на мајката.

https://www.facebook.com/zorica.gjorcevska/posts/10226522100452646?ref=embed_post

Доцна вечерта во додаток на објавата мајката апелираше да запрат дезинформациите и се заблагодари на МВР за ангажманот за наоѓање на девојчето.

„Би сакала многу да се заблагодарам до министерството за внатрешни работи кое несебично е на терен и доцна вечерва за да го пронајде моето малолетно дете. Ве молам не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето.“, напиша мајката на Фејсбук.

Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани новости