Утрово во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишниот фудбалер на ФК Тетекс, Даниел Николовски.
Даниел Николовски беше активен фудбалер во младинските категории на ФК Тетекс. Од ФК Тетекс со длабока болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер, истакнувајќи дека Даниел засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.
„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од Тетекс.

