Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Шоубиз

Тамара ја објави „Кукла жива“ – Најлична песна во својата кариера

Шеталиште 11/06/2026 10:58
tamara
„Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават…“ пее Тамара Тодевска во својата нова песна „Кукла жива“, носечки сингл на истоимениот албум.

Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, песната е во продукција на Емин Џијан, додека визуелниот дел е режиран од Мартин Трајановски во Takat Studios.

Станува збор за песна инспирирана од животот и кариерата на Тамара Тодевска, исполнета со успеси и падови, осуди и пофалби, но и со постојаната борба да останеш свој во свет полн со очекувања и предрасуди. Впрочем, во „Кукла жива“ може да се пронајде секоја девојка и жена кои биле принудени да глумат, да не бидат свои, да ги задоволат критериумите на општеството, а не своите потреби и желби.

„Кукла жива“ е песна на мојот живот! Истовремено е и многу моќна, но и автентична, силна и суптилна. „Кукла жива“ не е само мојот живот, тоа е животот на многу девојки, жени, но верувам и мажи – сите принудени да задоволиме наметнати стандарди за успех и квалитет. Ја почувствував уште од првиот момент. Ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера. Во тоа е моќта на оваа песна“, посочува Тамара.

Еден од авторите на песната „Кукла жива“, Коста Петров, открива дека за новиот музички проект на Тамара биле создадени повеќе од 30 песни, а во финалниот избор влегле само 10.

„Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, како жена и како човек – тоа е токму „Кукла жива“. Од повеќе од 30 создадени композиции, токму оваа песна остана онаа што најсилно го дефинира целиот албум и неговата порака“, вели Петров.

youtube.com/watch?v=OaT_X33CY9o&source_ve_path=MjM4NTE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2F

„Кукла жива“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска, а наскоро ќе биде достапна и на сите дигитални музички платформи.

„Кукла жива“ е насловната композиција од истоимениот албум кој содржи 10 нови песни и претставува прв визуелен албум создаден во Македонија. Во наредниот период Тамара Тодевска ќе ги претстави и останатите песни од проектот, а кулминацијата ќе биде големиот концерт и концертна промоција на албумот на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Continue Reading

Претходно: Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска
Следно: ДЗР: 235 корисници незаконски добивале и пензија и социјална помош

Поврзани вести

52708
  • Шоубиз

ФОТО: Перо Антиќ го одведе синот на Панчо на полуматура – „Среќно лепотану”

Шеталиште 09/06/2026 08:39
IMG_6874
  • Забава
  • Шоубиз

„Не мораш да бидеш совршен за да бидеш сакан“ – Наташа Малинкова со моќна порака во новата песна „Vrati me u život“

Шеталиште 29/05/2026 08:05
cak-noris
  • Шоубиз

Почина актерот Чак Норис

Шеталиште 20/03/2026 15:54
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани