Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, а синот го освои Холивуд

Шеталиште 24/07/2026 10:22
Vudi-Harelson

Познат по својата харизма и непредвидлив избор на улоги, Вуди Харелсон си изгради уникатно место во Холивуд како глумец кој никогаш не го бира полесниот пат, и кој успешно ја држи рамнотежата меѓу неконвенционалните улоги, комерцијалните блокбастери, независните филмови и општествениот активизам.

Вуди Харелсон вчера наполни 65 години. Роден во Тексас, тој е актер кој успешно комбинира комедија, драма, акција, но и авторски филмови во текот на целата своја кариера. И покрај тешкото детство, тој дипломирал драма и англиски јазик на Универзитетот на Хановер во Индијана, каде што негов цимер бил идниот потпретседател на САД – Мајк Пенс. Ја почнал својата кариера во театар, а првата повпечатлива улога ја добил во 1985 година – во ТВ-комедијата „Кафулето На здравје“ (Cheers), каде што го глуми келнерот Вуди. За оваа улога доби и „Еми“ награда.

Таткото на Вуди – Чарлс Харелсон бил платен убиец. Тој бил осуден на доживотен затвор за убиство на судија. Вуди пораснал во сиромаштија со својата мајка и двајца браќа. Но, го посетувал својот татко во затвор. Подоцна во животот глумецот ќе рече дека нивната врска била сложена, го сметал татко сѝ за интелигентен човек, но вели, неговите злосторства оставиле длабоки последици за семејството.

Меѓу улогите што му ја промениле кариерата, познавачите, но и самиот глумец ги вбројуваат оние во „Белите мажи не можат да скокаат“, „Непристоен предлог“, како и преобразбата во убиецот Мики Нокс во филмот „Убијци по природа“ на Оливер Стоун од 1994 година.

Потоа следат улогите во „Народот против Лери Флинт“ од 1996. (со првата номинација за „Оскар“ за главна улога), „Тенката црвена линија“, „Кингпин“ и „Нема земја за стари луѓе“.

Во 2014 година, Харелсон се врати на телевизија во тв-серијата „Вистински детектив“, глумејќи го истражителот Марти Харт, покрај Метју Меконахи. Инаку, Меконахи е негов близок пријател, а со години се шират гласини дека тие би можеле да бидат и полубраќа, поради наводната врска меѓу мајката на Меконахи и таткото на Харелсон. Долгогодишните семејни пријатели не ги потврдуваат овие тврдења како точни.

Вуди глумеше и во филмовите „Игри на гладните“, „Гласник“ (2009., втора можност за „Оскар“), „Зомбиленд“, „Сега ме гледаш“, „Војна за планетата на мајмуните“ и „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ (2017), за којшто ја доби својата трета номинација за „Оскар“.

Од 2008 година, тој е в брак со Лора Луи, негова поранешна лична асистентка, со која живее на Хаваи и има три ќерки. Познат е по заложбите за заштита на животната средина, веганизам и легализација на марихуаната. Неколкупати учествувал во протести и отворено го критикува политичкиот систем.

Извор: МИА / Фото: ЕПА

Continue Reading

Претходно: Британската актерка Кира Најтли ја објави сликовницата „Сè уште те сакам исто“
Следно: Дел од ракетата „Фалкон 9“ ќе ја погоди Месечината во август

Поврзани вести

TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
01.08.2026-35
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (01.08.2026)

Шеталиште 01/08/2026 13:44
TOM_8179
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (25.07.2026)

Шеталиште 25/07/2026 13:21
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани