Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Интервју

Театар кој се чувствува: Интервју со Васко Мавровски за ревитализацијата на НУ Народен Театар Битола

Шеталиште 11/06/2025 05:11
505991863_122182399622051791_408989433335188928_n

Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар - Битола

Во интервју за Шеталиште, директорот на НУ Народен Театар – Битола, Васко Мавровски, открива како за само неколку месеци успеале да ја вратат публика, да ја оживеат сцената со 11 премиери и да привлечат над 14.000 гледачи.

Шеталиште: Единаесет премиери за девет месеци, од кои четири во 2025 година. Дали битолскиот театар е повторно „театар на граѓаните”?

Васко Мавровски: Дефинитивно театарот е повторно на публиката! Поминуваме низ многу тежок период најмногу поради долгот кој го наследив, но, од друга страна пак тие пречки кај мене раѓаат многу инвентивни и креативни решенија кои вродуваат со плод. Стратегијата која ја најавив во септември која опфаќаше работа со млади македонски автори, вклучувањето на македонска драматургија на репертоарот, враќањето на неколку култни комедии и поставувањето на две нови комедии, сето тоа под мотото „Театарот повторно твој!” се покажа дека е правилна и по мерка на битолската публика. Во само 6 месеци успеавме да изиграме повеќе претстави и да донесеме повече публика отколку во цела 2014 година, пред фактите и боговите молчат!

Шеталиште: Од февруари годинава сте директор на установата, а претходно од септември 2024 година бевте вршител на должност. Како ја доживеавте трансформацијата од актер во директор на театарот и кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте?

Васко Мавровски: Работата на еден актер е многу брзо од вечер во вечер да се трансформира од еден во друг лик и веројатно тоа ми помогна многу брзо да се адаптирам на новата улога директор на НУ Народен Театар Битола. Веројатно успешноста во раководењето ја пресликав од моето 15 годишно искуство од менаџирањето на мојот Бабец театар и првиот интернационален детски театарски фестивал во Македонија, Битолино. Предизвиците беа многу, дел од нив успеав да ги решам и надминам во рекордно време, дел се уште ги решавам и веројатно повратната позитивна реакција од публиката ми дава уште поголем мотив и ми ја разгорува страста кон овој театар да го вратам на вистинската патека и да создадам нова златна епоха за истиот.

Шеталиште: Господине Мавровски, што се случува зад сцената на Народен театар – Битола? Како изгледа процесот на избор на претстави и составување на тимот?

Васко Мавровски: Зад кулисите се раѓаат идеите за новите претстави, се случуваат креативни процеси кои секогаш со љубов се подготвуваат за публиката, со еден збор се случува живот. Изборот на претставите, ги избираат стручните соработници, на мој предлог, уметничкиот совет кој за прв пат во мое време беше формиран во НУ Народен Театар Битола, а во однос на распределбата на улоги главниот збор го имаат режисерите, се борам да бидат ислободени од секаква цензура или влијание од трети лица и засега тоа успешно го менаџирам.

Шеталиште: Забележителен е порастот на публиката во Народниот театар во Битола, особено на младата популација. Каква е стратегијата што ја применувате за ревитализација на театарот?

Васко Мавровски: До денес од почетокот на годината, салонот на НУ Народен Театар Битола го посетиле повеќе од 14.000 публика од кој околу 4.000 биле деца. Овај пораст особено кај децата се должи на поставените претстави наменети за деца и работата и поставувањето на задолжителната литература во основните и средните училишта на сцената на НУ Народен Театар Битола, како Снежана и 7-те џуџиња, Чорбаџи Теодос, Црно семе итн. Со оваа стратегија ќе продолжиме и понатаму и ќе ја практикуваме се додека дава резултати, секоја промена која во иднина ќе се случува во театарот ќе биде во согласност со идеите и барањата на публиката бидејќи без публика нема театар.

Шеталиште: Секој театар има своја посебност. Што го прави Народен театар – Битола уникатен според вас?

Васко Мавровски: На ова прашање ќе дадам многу краток одговор, станува збор за најстариот театар во Македонија, кој минатата година прислави 80 години, на чија сцена се говорело на македонски јазик, се случиле 569 премиери, се одиграле 11.670 репризи и го посетиле 3.178.543 гледачи.

Шеталиште: За крај на овој разговор, кои се идните планови на Народен театар – Битола? Што работите во моментов и што ќе понудите до крајот на годината?

Васко Мавровски: Во следниот период не очекуваат учества на 10 фестивали во Македонија и надвор од границите на државата, организација на 11-то издание на Битола Шекспир фестивалот и уште 4 премиери, две од одобрената годишна програма на Министерството за култура и туризам и две од сопствени средства. Како и изминатите 80 години ќе ни се случува театар, но, овој пат театар кој се чувствува, доживува и останува долго време во паметењето на публиката.

Фото: НУ Народен театар – Битола

Continue Reading

Претходно: Мариово оживува преку историјата на Калеш Анѓа
Следно: Шеталиште со дипломатски печат

Поврзани вести

Nikola-Projcevski
  • Интервју

Никола Пројчевски: „Сите ликови и настани се слика на она што го живееме“

Шеталиште 06/10/2026 09:54
2
  • Интервју

10 години посветеност: Елена Николовска како дел од приказната на Евротип

Шеталиште 03/09/2026 08:01
Timco
  • Интервју

Интервју на министерот Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

Шеталиште 03/08/2026 08:54
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра! gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01 1
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

13/10/2026 10:10
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 2
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 3
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 4
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 5
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08

Можеби сте пропуштиле

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани