Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

Шеталиште 12/08/2026 09:20
televizija-horizont

Македонскиот медиумски простор од 9 септември 2026 година ќе биде побогат за уште една локална телевизија. Со работа започнува телевизија „Хоризонт“, која својата програма ќе ја емитува на подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

„Нов хоризонт за Прилеп и регионот. Наскоро со вас…“, стои во објавата на официјалната Фејсбук страница на новиот медиум, со која се најавува почетокот на емитувањето.

Според јавно достапните информации на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), телевизијата добила дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс на локално ниво.

Одлуката за доделување на дозволата била донесена на седница на Советот на АВМУ одржана на 27 април 2026 година.

Во Регистарот на телевизии на АВМУ, како одговорно лице на телевизија „Хоризонт“ е наведен Петар Георгиевски, додека како уредник е запишан Игор Тасевски.

Со стартот на „Хоризонт“, Прилеп повторно добива локална телевизија, откако претходно во градот програма емитуваше регионалната телевизија „Канал Визија“.

„Канал Визија“ престана со емитување пред девет години, откако со решение на Агенцијата од 31 јули 2017 година беше избришана од регистарот на радиодифузери што емитуваат телевизиска програма.

Новата телевизија „Хоризонт“ се очекува преку својата програма да понуди локални информации и содржини наменети за жителите на Прилеп и околните општини од пелагонискиот регион.

Фото: Фејсбук страница на Телевизија Хоризонт

Continue Reading

Претходно: „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“
Следно: The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани