НАЈНОВО

Рецепти

Тестенини со четири видови сирење

Само за вистинските љубители на италијанската кујна. Не е сеедно кој вид на сирење ќе го употребите во овој специјалитет – мора да имате горгонзола, пармезан и ементал, а четвртото сирење е по ваш избор.

Потребни состојки:

2 дл млеко
100 г ементал

100 г горгонзола

50 г кашкавал(гауда, трапист)

50 г рендан пармезан

4 жолтки

500 г тестенини(пене, шпагети, ригатони)

Начин на подготовка:

На пареа мешајте го млекото со пармезан и другите видови сирење исечени на коцки додека да се стопат, а сосот да се згусне. Тргнете од оган и додавајте ги жолтките, една по една. Додајте го сосот врз претходно подготвените тестенини.

Поврзани новости