Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Занимливости
  • Забава

Тетоважите на „ледената“ древна принцеза-воин говорат за уметноста на Сибирците од пред 2.500 години

Шеталиште 06/08/2025 14:13
tetovazi-drevna-princeza

Сибирска „ледена мумија“ стара 2.500 години нуди неочекувани сознанија за животот, наравот и обичаите на древните Сибирци. Имено, скенирањата со висока резолуција на тетоважи најдени на женското тело, открија дизајни што современите уметници за тетоважи, на пр., би ги сметале за тешки и сложени за цртање, пишува „Политика“.

Сложените тетоважи на леопарди, елени, петли и митско суштество полулав-полуорел говорат за културата на античките воини во средна Русија. За принцезата-воин, како што ја нарекува порталот „Крипи кјуриозити“, археолозите соработувале со уметник за тетоважи кој ги копирал древните кожни цртежи на сопственото тело за да се разбере како точно тие се направени. „Ледените мумии“ од преселничкиот народ Пазирик се најдени во ледени гробници во Алтајските Планини во Сибир уште во 19. век, но тетоважите биле тешкопрепознатливи. Скенирањата денес открија „сложени, остри и униформни“ тетоважи, коишто првично не можеле да се видат со голо око. Тетовираната жена, која починала на околу свои 50 години, ѝ припаѓала на древната култура Пазирик – племе кое живеело јавајќи коњи на огромната степа меѓу Кина и Европа.

Водечкиот автор на истражувањата, д-р Џино Каспари, од Институтот за геоантропологија „Макс Планк“ и Универзитетот на Берн во Швајцарија, смета дека наодите несомнено укажуваат на софистицираноста на овие луѓе, како што изјави за „Би-би-си“.

– И порано, тетовирањето било навистина професионална практика, каде што луѓето вложувале многу труд, време и пракса во создавањето на овие слики. А, тие се прилично софистицирани. Се чини дека некои од тетоважите биле расечени и оштетени кога телото се подготвувало за погребувањето… Ова посочува оти тетоважите навистина значеле нешто за време на животот, но и дека тие не играле голема улога во задгробниот живот, објаснува д-р Каспари.

Тешко е да се откријат подробни информации за древните општествени и културни обичаи бидејќи повеќето докази се уништуваат со текот на времето. Уште потешко е да се долови детаљ од животот на една личност. Сега, користејќи дигитална фотографија во Музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, Русија, стручњаците ги направија првите скенирања на тетоважите со висока резолуција.

Анализирајќи ги трагите на кожата на жената, тимот верува дека тетоважите, најверојатно, биле шаблонирани – пред да бидат нацртани. Се смета дека алатката што се користела, била таква што имало повеќе мали иглички за тетовирање, веројатно направени од животински рог или коска. Бојата, пак, била направена од изгорена растителна материја или саѓи.

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Continue Reading

Претходно: Карфиол во лиснато тесто
Следно: Повторно почнуваат високите температури

Поврзани вести

IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
Naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (29.08.2026)

Шеталиште 29/08/2026 15:48
naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (22.08.2026)

Шеталиште 22/08/2026 16:45
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани