Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15
FB_IMG_1778998471569

Во Кавадарци временските услови наметнаа претпазлив почеток, бидејќи играчите ги дочека дожд кој придонесе теренот да стане на моменти премногу лизгав, а на одредени делови да има застоена вода која го спречуваше нормалното транзитирање на топката.

Пелистер прв се закани,најпрво во 8. минута по асистенција на Бошковски до Ивановски, а втората во 20. минута кога шутираше Спировски. Сепак, Тиквеш дојде прв во водство и тоа по еден соло пробив на Ацковски во шеснаесетникот на битолчани, кога во неколку потези ја матираше комплетната одбрана во „зелено бели“ дресови. Тоа се случи во 29 минута, а неполни десет минути подоцна, Тиквеш го зголеми водството откако Сила го реализираше досудениот пенал, што е негов шест погодок оваа сезона. Оваа казна дојде по дуелот на Ристовски со Лавал, каде што влечењето на дресот на противникот беше санкционирано од главниот судија.

До крајот на првиот дел Пелистер создаде уште две полушанси, прво во 42 минута Булатовиќ центрираше, а одбиената топка од Рамадани дојде до Ристовски кој биеше непрецизно, додека второто генијално додавање на Бошковски до Ивановски беше стопирано поради офсајд на напаѓачот.

Вториот дел донесе почетна иницијатива за Тиквеш и неколку удари од аголот, но пласираните удари од недоизработените позиции не беа никаква опасност за голот на Пелистер. Лусијањино во два наврати предводеше контра напади, при што во првиот го проигра Куел, а во вториот самиот биеше во Јовчевски.

По одиграни 60 минути, силите на теренот драстично се сменија и Тиквеш му ја препушти иницијативата на гостинскиот тим. Во 63 минута Керим го проигра Ивановски, овој ја затресе мрежата, но судијата по проверка од ВАР собата досуди офсајд. Во 72 минута Милојевиќ асистираше по средината, за Ивановски да реализира и да донесе надеж за Пелистер. Само три минути подоцна, битолчани израмнија – повторно преку Ивановски кој се наметна како човек на мечот – при што овој пат Керим дриблаше по левата страна, а уфрли топка на втората статива покрај лошо поставената одбрана на кавадарчани.

За комплетен пресврт фалеше малку: Пелистер ја затресе мрежата на Стевковски откако нафрлената топка од Србијанац всушност заврши во мрежата, но со асистенција од ВАР собата беше досуден уште еден офсајд на Мирко Ивановски кој се обиде да ја закачи топката со глава.

Единствена шанса во финишот Тиквеш имаше во 83. минута кога повторно имаа неколку удари од аголот, а во еден од нив Сила со глава го принуди Јовчевски на нова интервенција со боксување во уште еден корнер.

Со овој бод Пелистер дојде на 37 поени и ја премина АП Брера на 8. место при што двата тима имаат по 37 бода, но битолчани имаат подобра гол разлика. Во последното 33. коло Пелистер е домаќин на Башкими кој е на 7. место со 42 бода, па нивниот дуел само ќе биде одлучувачки за 8 и 9 место, односно за тоа кој клуб од ПМФЛ ќе се сретне со второпласираниот односно третопласираниот тим од ВМФЛ, во баражот за обезбедување место во елитното друштво.

Continue Reading

Претходно: Саботно кафе во Прилеп (16.05.2026)
Следно: Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Поврзани вести

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
HK0HV5oXkAAi2X4
  • Фудбал

Лекција по култура за целиот свет: Јапонските навивачи повторно ги чистеа трибините по мечот

Шеталиште 15/06/2026 08:43
5467890
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Младата и талентирана Младеновска со трансфер во Бундеслигата (Фото)

Димитар Петковски 14/06/2026 18:51
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16
Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово Bebe 3
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

15/06/2026 12:14
Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 4
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

15/06/2026 11:25
Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра 854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648 5
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

15/06/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

Шеталиште 15/06/2026 12:16
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани