Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
tkajaci-na-film

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“.

Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага и во 50-годишната кариера има соработувано со познати магазини, агенции и славни личности.

– Македонската кинематографија е родена од слика на жена која преде. Од Баба Деспина и првите кадри на браќата Манаки, па сè до денес, нашите филмски автори ткаат приказни што го чуваат нашето минато, но истовремено го отвораат погледот кон светот. Токму затоа, темата „Ткајачи на филм’“не е само визуелен идентитет на годинашното издание, туку потсетување на една голема и богата традиција на раскажување. Особено е симболично што се доближуваме до 2027 година, кога ќе одбележиме 75 години од „Фросина“, првиот македонски долгометражен игран филм, чиј насловен лик исто така е ткајачка. Од првиот кадар до „Фросина“ и до современите филмски автори, нишката продолжува, а фестивалот „Браќа Манаки’“останува местото каде таа традиција се среќава со најзначајните ткајачи на филм од целиот свет, вели Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“, е илустраторка и графичка дизајнерка чиј визуелен израз се препознава по силната употреба на боја, слободната креативна енергија и раскажувањето преку слика.

– Секој креативен процес започнува со една нишка, со идеја што на почетокот можеби е едвај видлива, но постепено се поврзува со други слики, чувства и искуства. Како и во предењето и во ткаењето, потребни се ритам, трпение и интуиција за од поединечните нишки да се создаде целина. Токму во таа паралела го пронајдовме јадрото на визуелниот идентитет: авторите на филмот се ткајачи кои од светлина, движење и време создаваат приказни. Камерата е нивниот творечки инструмент. Таа не само што ја забележува реалноста, туку овозможува да биде преобликувана, почувствувана и раскажана на нов начин. Затоа во постерот камерата и роданот се „претопени“ еден во друг, односно сеповрзани со иста нишка. Тоа е нишката на човечката потреба да создава и да раскажува, вели Штркова, потписник на постерот на 47. ИФФК „Браќа Манаки“.

Горан Тачевски е фотограф со повеќе од 50 години професионално искуство во документарната, модната, портретната и комерцијалната фотографија. Во својата кариера соработувал со светски брендови, агенции, познати личности и изданија како „Vogue“, „Elle“, „Harper’s Bazaar“, „Le Monde“ и „The New York Times“, а неговата работа е наградувана на повеќе меѓународни фестивали. Тачевски е дел од визуелниот идентитет на ИФФК „Браќа Манаки“ преку својот  фотографски приказ  на Македонија, доловена низ неговиот објектив како простор на силни карактери, автентични моменти и приказни со филмска атмосфера.

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија и со поддршка од Агенцијата за филм, Општина Битола и Кинотеката на Македонија.

„Њу Момент“ во своето 33-годишно постоење има изработено дел од најпознатите постери за Скопскиот џез фестивал,  Млад отворен театар и Охридско лето. Агенцијата во своето големо портфолио на награди има и Титаниумски и Сребрен лав од фестивалот на креативноста во Кан.

Continue Reading

Претходно: Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола
Следно: Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

Поврзани вести

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260818121839_big_730x400_72
  • Филм

Џони Деп во преговори за „Пиратите од Карибите 6“

Шеталиште 18/08/2026 11:34
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани