Екипата на Мисцелул К. од Романија објави дека потпиша со екс младинскиот репрезентативец на Македонија, Томе Китановски.
Китановски се враќа во Романија по настапите за У. Крајова во 2014-та година.
Популарниот ТК3 кој игра на позиција офанзивен-десен бек има богато искуство во повеќе европски екипи, играше покрај во матичната Македонија и во: Србија, Хрватска, Азербејџан, Албанија и Австрија, познат по својата дефанзивна конзистентност и разноврсност на неколку дефанзивни позиции.
Македонскиот дефанзивец ја започна својата фудбалска кариера во Пелистер Битола, а во текот на целата кариера играше за тимови како Универзитатеа Крајова, Вождовац, Истра 1961, Славен Белупо, Себаил, Кукеши, Шкупи, Струга, Слобода Ужице, Мауерверк и Воска Спорт, стекнувајќи искуство на ниво на домашни натпреварувања.
Романската екипата денес му посака добредојде во семејството Муселул на Китановски.

