Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Тошковски: Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

admin 18/03/2025 00:00
Screenshot-2025-03-18-at-15.47.35-960x674-1

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На прес-конференцијата Тошковски рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица. Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.

„Точно е дека во близина на дискотеката ‘Пулс’ е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Министерот со ова ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија, која би ја зголемила трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде неодамна се случи голем пожар со жртви и повредени.

Министерот информираше и за текот на истрагата и мерките кои се преземаат за целосно расчистување на случајот. Досега се приведени 18 лица, од кои 16 се задржани.

Последното задржано лице, според министерот, се терети за тешки дела против општата сигурност во врска со предизвикување општа опасност, а станува збор за потписникот на основниот проект за издавање дозвола за работа на дискотеката како кабаре клуб.

– За да обезбедиме целосно независна истрага донесов одлука за разрешување на раководни полициски лица во Кочани и нивно заменување со лица од Скопје – посочи министерот Тошковски.

Во рамки на истрагата биле извршени разговори со вкупно 71 лице, а за 14 лица веќе е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Полицијата извршила претреси кај две лица вработени во Министерството за економија, од каде била одземена техничка опрема, документација, оружје и муниција. Претрес бил спроведен и кај управителот на дискотеката, а полицијата денес влезе и во просториите на општина Кочани за да обезбеди дополнителна документација.

Дополнително, претреси биле извршени и во службени простории кои ги користел советник во Министерството за економија, поради сомнежи поврзани со дозволите и проектната документација за дискотеката.

Тошковски најави дека истрагата ќе продолжи со максимална сериозност и најстрого санкционирање на сите одговорни за трагичниот настан.

Continue Reading

Претходно: До изгорената дискотека во Кочани најден е приватен резервоар со гориво под земја и пумпа за точење
Следно: Вечното почивалиште на Сара и Андреј ќе биде во Скопје – погребот ќе биде утре

Поврзани вести

kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija_1000x666-1
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Шеталиште 19/05/2026 14:27
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“ kup-grupna-1536x1027 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

19/05/2026 20:45
Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден img_2839-1200x670 2
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

19/05/2026 14:37
Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи 20260519143612_big_730x400_77 3
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

19/05/2026 14:35
50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка policija-bt-1 4
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

19/05/2026 14:30
МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола policija_1000x666-1 5
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

19/05/2026 14:27

Можеби сте пропуштиле

kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
img_2839-1200x670
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

Шеталиште 19/05/2026 14:37
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija-bt-1
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

Шеталиште 19/05/2026 14:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани