Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Тошковски на ГП „Табановце“ ќе ја промовира кампањата „Безбедно во лето – Вози одморен“

Шеталиште 31/07/2025 08:51
20250731104000_big_730x400_67

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин „Табановце“ и со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Горан Ангеловски ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Безбедно во лето – Вози одморен“.

Кампањата за побезбеден сообраќај во текот на летото минатиот месец беше промовирана на граничниот премин „Богородица“, каде присуствуваа министерот Тошковски и претседателот на РСБСП Ангелов.

Според МВР, покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин „Табановце“ до Гевгелија и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици.

Кампањата има за цел да ги потсети возачите на опасностите што ги носи заморот зад воланот, на сериозните последици што може да настанат од сообраќајки предизвикани од ненаспаност и намалена концентрација, како и да ги охрабри да прават редовни паузи, да пијат повеќе течности, да патуваат одморени и да го запрат возењето веднаш штом ги забележат првите симптоми на замор.

Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се движат илјадници возила. Возачите, изморени од долгите часови зад воланот, често ја губат будноста и концентрацијата, а не е реткост некои дури и да заспијат при возење – што резултира со несреќи од трагичен карактер. Со оглед на ваквата ситуација, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на летната сезона, ќе спроведат едукативно-превентивни активности на двете насоки од Коридорот 10, под мотото „Безбедно во лето  – вози одморен“.

Continue Reading

Претходно: Вечерва е свеченото затворање на „Илинденските денови“ во Битола
Следно: 42.300.000 денари директна финансиска помош за најзагрозените категории на граѓани

Поврзани вести

znamee-1
  • Македонија

Планирајте го 1ви Мај – Ни следува продолжен викенд

Шеталиште 20/04/2026 07:57
sonce-1
  • Македонија

Претпладне топло и сончево, попладне со услови за дожд

Шеталиште 20/04/2026 07:07
sv-georgij
  • Македонија

Денес се празнува Свети Георгиј Исповедник

Шеталиште 20/04/2026 06:34
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција Screenshot_20260419_150257_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

20/04/2026 13:52
За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија goriva-1 2
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

20/04/2026 13:32
Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

20/04/2026 10:44
Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари market-kosnicka 4
  • Економија

Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари

20/04/2026 10:43
Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами branovi-japonija-2 5
  • Свет

Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами

20/04/2026 10:01

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
goriva-1
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

Шеталиште 20/04/2026 13:32
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (20.04.2026)

Шеталиште 20/04/2026 10:46
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани