Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Тошковски: Почеток на регионална обука за распоредување на службени кучиња на тешко пристапни терени, пример за меѓународна соработка

Шеталиште 01/09/2025 11:34
Pance Toshkovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, информираат од МВР.

Министерот Тошковски потенцирал дека овој проект не е само почеток на стандардна професионална обука, туку пример за успешна меѓународна соработка, на партнерство засновано врз доверба, заеднички цели и посветеност кон зголемена безбедност на локално, регионално и глобално ниво.

-Пред единаесет месеци од истово место бевме сведоци на почеток на работата на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација-значаен дел од целокупниот систем на безбедност како на оперативно, така и на стратешко ниво. Во изминатата речиси една година центарот беше домаќин на голем број на работилници, обуки и тренинзи.  Соработката на нашата институција со Мисијата на ОБСЕ претставува еден од носечките елементи во процесот на надградување на капацитетите на полицијата по стандардите на Европската Унија., потенцирал министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласил дека целта на Министерството е иднината на овој центар е тој да прерасне во регионален центар во областа на зајакнување на капацитетите на агенциите за спроведување на законот, преку современи обуки и пренос на експертиза во користење на службените кучиња.

– Службените кучиња се посебен дел од нашите безбедносни системи. Тие не претставуваат алатка, туку истите се партнери и дел од полицијата, кои со својата обученост имаат непроценлива улога во спасувањето на животи. Во многу случаи, нивната реакција е пресудна за успех на целата акција. Но зад секое службено куче стои полициски службеник, тренер и институција.  Поради тој факт знаеме дека вложувањето во капацитетите на единиците за службени кучиња е вложување во поголема безбедност за сите нас, образложи министерот Тошковски.

Тошковски на крај се заблагодари на ОБСЕ и нашите меѓународни партнери и потенцираше дека раководството на министерство останува цврсто посветено во градење на систем за безбедност кој ќе биде гаранција за напредокот на нашата држава и сигурноста на граѓаните.

Фото МВР

Continue Reading

Претходно: Меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“
Следно: Јаневска: Над 17.000 првачиња ја почнаа учебната година, реформите за едносменска настава продолжуваат

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
kuba-struja
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

Шеталиште 11/07/2026 07:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани