Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Тошковски: Ќе направиме сè граѓаните да не останат заглавени без лични документи по 12 февруари

admin 29/01/2024 00:00
pasos-1024x746-1

До овој момент се издадени милион и 200 илјади пасоши со новото име од вкупно околу два милиона и 500 илјади, колку што треба да се заменат, а максималниот капацитет е 50 000 за еден месец, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ.

Тој посочува дека физички е невозможно да бидат издадени сите докумети до законски утврдениот рок. Најголемиот проблем, според него, е самото печатање и издавање на пасошите.

Најавува дека ќе биде направено сè целиот процес да се релаксира, а граѓаните да не останат заглавени без лични документи по 12 февруари.

– Токму на ова прашање се виде капацитетот на претходната влада, токму на ова прашање се виде нивната неспособност, се виде нивното неработење, јасно му е на народот колку направиле и што постигнале во овој сегмент. Ќе сторам сè да ја релаксирам атмосферата во делот на поднесување на барање и подигање на патните исправи, ќе сторам сè за граѓаните да се чувствуваат достоинствено во овој процес којшто треба да е најнормален, а е најненормален од денешен аспект. Тимот на луѓе со кои ќе работам и од првиот момент на моето номинирање најмногу го имам консултирано и внимание имам посветено, особено на ова прашање од организациски аспект. Ќе направиме сè за да го релаксираме процесот и ќе направиме сè за граѓаните на Република Македонија да не останат заробени после 12 февруари, истакнува Тошковски.

Вели дека не е запознаен со информацијата дека од пред неколку дена МВР почнало личните карти и возачките дозволи да ги доставува до домашните адреси на граѓаните, но би поддржал поедноставување на процесот.

– Сè што ќе го поедностави процесот на достава во рамки на закон би го прифатил како техничко решение. Тука има многу проблеми од аспект на заштита на лични податоци, како ќе се спроведе целокупниот овој процес, не би сакале дополнителни проблеми да отвориме, изјави Тошковски и најави дека наскоро ќе може да даде и поконкретен одговор за ова прашање.

Continue Reading

Претходно: Почина 20 годишна девојка од грип на Инфективна
Следно: Милион и пол евра за среќа од Фонтаната ди Треви: Минатата година беше рекордна

Поврзани вести

oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

Шеталиште 11/04/2026 08:59
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани