САД нема да го нападнат Иран пред ноемвриските меѓуизбори во земјата, изјавила заменичката портпаролка на Белата куќа, Ана Кели, во интервју за „Ал Џезира“.
Кели ги повторила тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран се наоѓа во тешка воена и економска состојба, нагласувајќи дека блокадата ќе продолжи во целосен обем.
Таа додала дека „нафтата продолжува да тече низ Ормускиот Теснец во рекордни количества“.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за време на разговорот со Трамп минатата недела, ја отворил можноста за обновување на војната против Иран пред изборите во Израел и САД. Тој тврдел дека Техеран наводно презема загрижувачки чекори во врска со својата нуклеарна програма. објави Скопје1.мк
Американски претставник за израелска телевизија изјавил дека Трамп повеќепати го менувал ставот за ова прашање. Според него, американскиот претседател му порачал на Нетанјаху да продолжи со подготовките, но не дал цврсто ветување дека нападите ќе бидат извршени.
Според друг американски претставник, најголема поддршка за обновување на пошироките воени операции против Иран во американската администрација даваат министерот за одбрана Пит Хегсет и Централната команда на САД (CENTCOM).
Сепак, мнозинството советници на Трамп се залагаат за продолжување на санкциите и економскиот притисок врз Техеран, наместо за нова воена операција. објави Скопје1.мк

