Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Трамп спрема нови царини за 60 земји — кој сѐ е на удар и зошто?

Шеталиште 03/06/2026 06:46
Election 2024 Trump

Republican presidential nominee former President Donald Trump is pictured at an election night watch party, Wednesday, Nov. 6, 2024, in West Palm Beach, Fla. (AP Photo/Alex Brandon)

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“.

Во извештајот што рано денеска го објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји и територии би се соочиле со дополнителни царини од 10 отсто, бидејќи наводно не спроведувале забрана за увоз на производи направени со принудна работа.

Дополнителна царина од 12,5 проценти би била воведена за Кина, Јапонија, Индија, Јужна Кореја, Бразил и за Швајцарија, како и за десетици други земји.

„Неуспехот на нашите најважни трговски партнери да се справат со увозот на стоки произведени со принудна работа е неприфатлив. Тоа создава динамика во која американските работници се принудени да се натпреваруваат на глобално ниво во нерамноправни услови“, изјави трговскиот претставник на САД, амбасадорот Џејмисон Грир.

Тој додаде дека „секој од нашите трговски партнери мора да направи повеќе за трговијата да не поттикнува и да не зацврстува принудна работа на глобално ниво“.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД соопшти дека неуспехот да се спречи таков увоз е „неразумен и го оптоварува или ограничува американскиот бизнис“.

Најновиот бран царини веројатно ќе ги вознемири клучните трговски партнери на САД, кои веќе беа погодени од повеќе царински мерки откако претседателот Доналд Трамп се врати на функцијата на почетокот од минатата година.

Новите американски царини нема да важат веднаш, туку ќе поминат низ јавна расправа и ревизија, со сослушувања најавени за 7 јули.

Администрацијата на Трамп ја водела истрагата според членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, откако Врховниот суд му ги ограничи претходните царински овластувања.

Наводно, утврдено било дека 60 земји не спречувале увоз на производи поврзани со принудна работа

Извештајот наведува ризични стоки како ориз од Мјанмар, тутун од Малави, говедско од Бразил и памук од Кина.

Некои производи, меѓу кои кафе, банани и метали, би биле изземени или пониско царинети.

Извор: Слободен печат

Continue Reading

Претходно: Забрана на учениците под 16 години да користат мобилни телефони во училиштата во Полска
Следно: Предлог-законот за упатување работници во други држави денеска на комисиска расправа

Поврзани вести

el-ninjo
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

Шеталиште 10/06/2026 19:37
Screenshot 2026-06-10 185038
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

СП 2027: Македонија ќе игра во Магдебург,против Исланд, Бахреин и Јапонија (Фото)

Димитар Петковски 10/06/2026 17:20
dsc_5399-1536x1112
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена од Азербејџан, фудбалерките со пораз ги завршија квалификациите за Светското првенство

Димитар Петковски 10/06/2026 05:31
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега? el-ninjo 1
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

10/06/2026 19:37
Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба more-solunfb-696x368 2
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

10/06/2026 19:33
За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата grcija-rabotnici-patista-gradezni 3
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

10/06/2026 19:28
СП 2027: Македонија ќе игра во Магдебург,против Исланд, Бахреин и Јапонија (Фото) Screenshot 2026-06-10 185038 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

СП 2027: Македонија ќе игра во Магдебург,против Исланд, Бахреин и Јапонија (Фото)

10/06/2026 17:20
Брифинг на ФФМ: Реформи, лиценцирање, репрезентации и судиска организација brifing-1536x1067 5
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Брифинг на ФФМ: Реформи, лиценцирање, репрезентации и судиска организација

10/06/2026 13:23

Можеби сте пропуштиле

el-ninjo
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

Шеталиште 10/06/2026 19:37
b_260610097.webp-800x500
  • Рецепти

Кремасто и освежително: Со само неколку состојки, подгответе ја највкусната салата од тестенини со туна

Шеталиште 10/06/2026 19:35
more-solunfb-696x368
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

Шеталиште 10/06/2026 19:33
grcija-rabotnici-patista-gradezni
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

Шеталиште 10/06/2026 19:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани