Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Трајков: Европскиот пат на Македонија не смее да се билатерализира

Шеталиште 27/06/2025 11:40
Viktorija Trajkov

Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска учествуваше на Летната школа за „ЕУ политики, проширување и реформи“, која се одржува од 24 до 27 јуни во Будва.

-Во рамките на своето обраќање на панелот „Кон Агендата за проширување 2030“, заменик-министерката Трајков говореше за значењето на реформските процеси на патот кон ЕУ, како и потребата од зајакнување на регионалната соработка со што ќе се овозможи забрзување на евроинтегративниот процес, соопшти Министерството за европски прашања.

Во своето обраќање, Трајков се осврнала и на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека евроинтеграцискиот процес на земјава се билатерализира, наместо да биде низ призмата на реформските процеси.

Трајков истакнала дека во наредниот период очекува јасна и гласна поддршка од земјите членки на ЕУ за евроинтеграцискиот пат на земјата, кој не смее да биде изолиран случај за ЕУ членство низ континурани условувања од страна на земја членка на ЕУ.

Заменик-министерката посочила дека се преземаат сериозни чекори на дипломатско поле со цел да се придвижи евроинтегративниот процес на земјата.

На Летната школа за земјите од Западен Балкан учествуваа високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот кон ЕУ, но и зајакнување на меѓусебната соработка.

Летната школа е организирана од  Европскиот Универзитетски Институт (EUI) и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), а е поддржана од Министерството за надворешни работи на Италија.

Фото: Министерство за европски прашања

Continue Reading

Претходно: Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО
Следно: Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани