Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
socijalni-mrezi

Доколку сте активни на социјалните мрежи, тешко е да не сте го забележале трендот на објавување фотографии од 2016 година. Илјадници корисници, инфлуенсери и јавни личности се навраќаат на тој период, споделувајќи стари фотографии и спомени, поттикнати од силно чувство на носталгија. Една од најчесто споменуваните причини е културното влијание на Кајли Џенер, која токму во 2016 година важеше за најпопуларна креаторка во светот на модата и шминката. Нејзиниот изглед- перики во впечатливи бои, нагласени веѓи, долги трепки и мат кармини  беше инспирација за милиони тинејџерки ширум светот.

Во тој период, Кајли Џенер го доживеа и својот најголем деловен успех. Нејзиниот бренд Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics,) основан кон крајот на 2015 година, во 2016 бележи голем раст и приходи поголеми од 300 милиони долари.

Модните трендови од тоа време денес повторно се актуелни: бомбер јакни, искинати фармерки, маици со принт, чокери, како и патики од брендовите: „Адидас, Суперстар и Ванс“. Корисниците на социјалните мрежи, особено младите жени, истакнуваат дека 2016 година ја паметат како период на безгрижност. Тогаш не постоеше притисок секоја објава да биде совршена, а платформите како „Снепчет“ беа исполнети со забавни филтри и спонтани содржини.

Психологот Клеј Рутлиџ за Еј-Би-Си објаснува дека носталгијата најчесто се јавува во периоди на големи општествени промени. Тој укажува дека брзиот развој на вештачката интелигенција и стравот од нејзино влијание врз пазарот на трудот дополнително ги поттикнува луѓето да се навраќаат на минатото.

На трендот се приклучија и бројни инфлуенсерки од Балканот. Меѓу нив е и српската блогерка Зорана Јовановиќ- Зоранах, која истакна дека 2016 година била еден од најинтензивните периоди во нејзиниот живот, исполнет со успеси и со лични предизвици. Според аналитичарите, оваа популарна појава со објавување на фотографии од 2016 година, не е само моден момент, туку одраз на колективна желба за навраќање кон времето што многумина го доживуваат како поедноставно и помалку оптоварено од денешната реалност.

Фото: Пиксабеј

Continue Reading

Претходно: Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат
Следно: Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Поврзани вести

Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)

Шеталиште 14/02/2026 17:13
macka-germanija
  • Забава
  • Занимливости

Мачка со авантуристички дух била вратена кај своите сопственици откако германската полиција ја пронашла сама во воз

Шеталиште 10/02/2026 14:33
privrzok
  • Забава
  • Занимливости

Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

Шеталиште 10/02/2026 14:29
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци 20260216130149_big_730x400_71 1
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

16/02/2026 12:58
Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош 8 2
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

16/02/2026 12:43
Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

16/02/2026 12:39
Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево img_7764-1140x570-1-1044x522 4
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

16/02/2026 12:36
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396 20260216123229_big_730x400_79 5
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

16/02/2026 12:34

Можеби сте пропуштиле

20260216130149_big_730x400_71
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

Шеталиште 16/02/2026 12:58
8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

Шеталиште 16/02/2026 12:39
img_7764-1140x570-1-1044x522
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

Шеталиште 16/02/2026 12:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани