Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Филм

Трето издание на Фестивалот „Малата школа на краткиот филм“ од денеска во Битола

admin 30/10/2023 00:00
web-Kratok-Film-BT-2023-MK-Flaer-01-960x540-1

Филмскиот фестивал „Малата школа на краткиот филм“ е наменет за учениците од основните училишта и е дел од акциите за едукација со слика (филмска писменост) и откривање на кинематографската уметност, што ги спроведува француското здружение „Aј Aј ВО“ / Меѓународниот филмски фестивал Нанси во текот на целата година.

Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4 ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и ќе се одржат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот заедно со Француската алијанса од Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта во Новаци и Бач.

Програмата содржи кратки филмови, прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални), обработените теми и нивното географско потекло и секогаш во оригинална верзија, титлувани на македонски јазик. Времетраењето на дискусиите по проекциите, водени од директорката на фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски, е приспособено на возраста на публиката.

На младите им се нудат филмски дела што ретко се емитуваат надвор од професионалните фестивалски кругови. За Битола се предвидени три програми за ученици на возраст од 9 до 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години.

За првпат годинава, на средношколската публика ќе ѝ бидат претставени и кратки филмови, избрани и наградени од нивните врсници од Нанси за време на 19-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој од 2013 година претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Викендов имало вкупно 20 пожари на отворено, пожарникарите сите ги изгаснале – активни утрово нема
Следно: Трите најопасни денови во ноември: Астролозите предупредуваат на огромни промени

Поврзани вести

608427170_856965877168732_2847069068302286210_n
  • Култура
  • Настани

Концерт на Раде Шербеџија и бендот Западни колодвор

Шеталиште 10/01/2026 13:00
prikaznata-za-siljan
  • Култура
  • Кино
  • Филм

Македонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска

Шеталиште 04/01/2026 09:56
594475537_1400338138307224_9210968425721500376_n
  • Култура
  • Настани

Project 7000 го најавува првиот outdoor настан „Ski You Later“ на Пелистер – почеток на нова четирисезонска приказна

Шеталиште 25/12/2025 08:09
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани