Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

Шеталиште 17/08/2026 13:37
klekovski

Викендот починал пациент со западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјава се искачи на 3, известија здравствените власти. Станува збор за 61-годишен пациент кој имал придружни сериозни заболувања и е од едно од погодените места пренесува 360 степени.

Лабораториски се потврдени 35 случаи со вирусот, а уште тројца суспектни се во процес на дијагностицирање.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се лекуваат шеснаесет пациенти, од кои шестмина се во критична состојба. Директорот Фадил Цана кажа и дека возрасната граница се поместува.

„Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен, но е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција“, соопшти Цана.

За разлика од асимптоматските, Цана вели дека пациентите со невроинвазивната форма, која ја развиваат околу 1 отсто од заболените, првично се со висока температура, силна главоболка, закочен врат, дезориентираност, конфузност итн.

Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека за моменталната состојба се известени сите инфективни одделенија, матични доктори и сите што можат да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти.

Во однос на мапирањето на пациентите, тој вели дека треба да се прави разлика меѓу место на живеење и место на заразување.

„Инкубацијата на вирусот е 3 до 14 дена. Сите пациенти се со епидемиолошка анкета и се лоцира дали патувале во странство, дали патувале надвор од местото на живеење внатре во земјата, и каде се движеле. Има луѓе со урбани адреси, но имале и викендичка, и најверојатно во тој период престојувале на овие места, така што во основа сите мерки се насочуваат таму каде што е најверојатното место на заразување. Една од мерките е лична заштита од убоди од комарци, и отстранување на застоена вода во дворови или непосредна околина. Општините каде што е прогласена епидемија сите ќе добијат и СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје кои веќе се комуницираат“, кажа Клековски.

Фокусот е ставен на таргетирано прскање од земја

Во меѓувреме, Државниот здравствен и санитарен инспекторат направил вонредна проверка на спроведувањето на елаборатите за прскање во сите општини во Скопскиот Регион и набрзу ќе се соопштат резултатите. Сега, фокусот ќе биде ставен на таргетирано прскање од земја.

„Сметаме дека поефективно е таргетирано прскање, отколку со аеро. Аеропрскањата ќе се прават согласно плановите“,вели Клековски и додаде дека сите средства за прскање се одобрени од Светската здравствена организација.

Министерот вели и дека се работи на геолоцирање на пациентите и на стоечки води. Тој посочи дека Град Скопје од „Гугл мапс“ лоцирал многу водени површини во засегнатите места, кои се користат за рекреативни цели.

„Тука ќе треба и зголемена дисциплина од сите нас за да се намалат колку е можно водените површини. Јас знам дека е тешко во услови на високи температури да очекуваме луѓето да ги празнат базените, меѓутоа мора да апелираме на максимална претпазливост. Спрема епидемиолошките очекувања, август и септември историски се врв на ваквите епидемии. Ние ќе ги повикаме сите засегнати општини и ќе ги дадеме овие насоки и Центарот за јавно здравје е веќе во подготовка за зголемени земјени прскања“, рече тој.

И 250 видови птици се резервоар на болеста

Освен комарците, можен пренесувач се и дивите птици. Министерот Клековски вели дека 250 различни птици можат да бидат резервоар на болеста, меѓу кои и гавранот. Тој ги повика граѓаните кои ќе видат мртва птица, да ја пријават во АХВ. Агенцијата досега добила една пријава на мртва птица во Гостивар, меѓутоа таму не е идентификуван вирусот западен нил.

„Најголем дел од нив и не починуваат од вирусот, но некои починуваат и затоа мртвите птици ни се важни како показател да лоцираме каде е проблемот“, кажа тој.

Клековски најави контроли и на живината во загрозените подрачја. Посебна цел ќе биде слободната живина во близина на каналите за наводнување.

Continue Reading

Претходно: За најважните луѓе, најважните одлуки – Животно осигурување
Следно: Од полноќ нови цени на горивата: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

Поврзани вести

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03
20261014163242_big_730x400_69
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

Шеталиште 15/10/2026 06:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација 848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

15/10/2026 10:42
ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 2
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 3
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 4
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 5
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03

Можеби сте пропуштиле

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани