НАЈНОВО

БалканВести

Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот.

Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани.

Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса.

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини, се судрија товарен и патнички воз.

Поврзани новости