Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Триесет дена куќен притвор за Груби, одлучи судијата на претходна постапка, така барало ЈО

Шеталиште 24/02/2026 07:05
20260223233311_big_730x400_26

-Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка 30 дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, одлучи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот.

„Во текот на денот, одбраната на осомничениот, до Судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот. Со оглед на фактот дека Jавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна и доволна за непречено водење на истрагата, Обвинителството до Судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и јавен обвинител предложи определување поблага мерка за обезбедување од претходно определената. Врз основа на сето тоа Судот го сослуша осомничениот во присуство на негов бранител и донесе решение за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, кој што е доверен на Министерството за внатрешни работи, а дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница“, информираа вечерва од Судот.

Против ова решение Груби има право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците утрово беше приведен на граничниот премин Блаце откако повеќе од една година беше во бегство.

– Денеска (23.2.2026), во 6.10 часот, на граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл. 354 ст. 5 в.в. ст. 3 в.в ст. 1 в.в со чл. 22 од КЗ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Груби е осомничен за проневера во „Државната лотарија“, каде што заедно со Перпарим Бајрами е осомничен за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати.

 

 

 

 

 

 

Извор/фото: Миа

Continue Reading

Претходно: Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во матичната собраниска Комисија
Следно: Дневен хороскоп (24.02.2026)

Поврзани вести

mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39
20260813120006_big_730x400_55
  • Македонија

Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

Шеталиште 13/08/2026 10:29
20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 2
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43
46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици 3policija-420x240-138854-1 3
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

13/08/2026 11:41
Активни девет пожари низ државата mariovo-pozar 4
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

13/08/2026 11:39
Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно zemjodelstvo-eu 5
  • Свет

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

13/08/2026 10:31

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
3policija-420x240-138854-1
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

Шеталиште 13/08/2026 11:41
mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани