Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Триесет и еден питомец и 28 слушатели влегуваат во редовите на Воената академијата

Шеталиште 10/11/2025 14:57
pitomci-arm

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-та класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници. Заклетва положија вкупно 59 кандидати – 31 питомец и 28 слушатели. Дополнително, дел од Академијата ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора.

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова во своето обраќање на свеченоста го истакна значењето на заклетвата и улогата на идните офицери.

-Вие, преку свечената заклетва влегувате во големото и сплотено армиско семејство, ветувајќи пред сите дека совесно, одговорно и бескомпромисно ќе ги браните македонските уставно гарантираните: самостојност и независност, сувереност и територијален интегритет! Знам дека и за вас, како и за мене, заклетвата не е само одбран збир на патриотски зборови, туку цврст израз на решеност, истрајност, одлучност и верност, истакна таа.

Додаде дека идните офицери стапуваат во редовите на Армијата во време на растечки безбедносни предизвици.

-Како идни офицери на македонската, но и на НАТО-армијата, од вас се очекува да почитувате и да практикувате највисоки професионални и морални стандарди во справувањето со сите видови закани: традиционални, асиметрични и хибридни, во различен простор: физички и сајбер. Но, не смеете да ги занемарите или да ги заборавите етичките и моралните вредности, ако сакате да останете луѓе и да бидете личности, порача таа.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски нагласи дека изборот на питомците да бидат дел од Армијата е од особено значење за безбедноста на државата.

-Денеска тука на Воената Академија го одбележуваме почетокот на едно ново поглавје за сите вас – млади, мотивирани патриоти кои избравте да бидете дел од Армијата. Ви честитам затоа што се одзвавте на повикот кој значи чест, одговорност, дисциплина и посветеност во службата. Зголемените безбедносни предизвици и закани на регионално и глобално ниво ја нагласуваат потребата од секој еден од вас, кои ќе ја зацврстите нашата заедничка безбедност, рече тој.

Додаде дека Академијата е симбол на извонредност – високо образовна институција која повеќе од 30 години, како што рече „создава лидери, кои со знаење и патриотизам ја носат одговорноста за безбедноста и стабилноста на нашата држава“.

Деканот на Академијата, полковник проф. д-р Ненад Танески, потсети на традицијата и мисијата на институцијата.

-Денес пред нас е младоста на Македонија, најмладата генерација 29 класа на питомци кои што ја извршија свечената обврска – заклетвата кон татковината. Со овие зборови, вие не само што му се заветувавте на знамето, туку се приклучивте на една вековна нишка на верност, што ја поврзува секоја генерација што се борела за слободата на нашата земја, посочи тој.

Танески нагласи дека Академијата оваа година го одбележува својот јубилеј.

-Воедно, оваа година е посебно значајна за сите нас, ја одбележуваме 30-годишнината од основањето на Академијата. Овој јубилеј не е само бројка – тоа е историја, традиција и континуитет. Тоа е доказ дека нашата Академија расте и се развива заедно со Армијата и државата, но и дека останува верна на својата основна мисија: да создава генерации подготвени да ја бранат и служат на татковината со знаење и чест, рече деканот.

На настанот присуствуваа генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од воено дипломатскиот кор како и роднини и пријатели питомците, студентите и слушателите.

Фото:МИА

Continue Reading

Претходно: Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата
Следно: Ле Риголер: Извештајот од ЕК е вистинско охрабрување за земјата да продолжи со реформите во одредени сектори

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани