Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Триото „Интерарт“ со концерт на БИТ ФЕСТ

Шеталиште 05/08/2026 07:13
Trio Interart

Во рамките на програмата на БИТФЕСТ во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера.

Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) – уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија.

Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави – лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови.

Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола, Хераклејски вечери, Златна лира и Битолско културно лето.

Во последните години ансамблот продолжува активно да ја претставува македонската музичка култура во странство. Во 2025 година настапи во Македонскиот културен центар во Истанбул, а оваа година и во Македонскиот културен центар во Загреб.

Концертот на Триото „Интерарт“ на БИТ ФЕСТ претставува можност публиката да ужива во вечер исполнета со префинета камерна музика и изведба на уметници чие творештво повеќе од две децении остава силен белег на македонската и меѓународната музичка сцена.

Влезот е слободен, а дел од програмата ќе бидат: G. Schocker: Three Dances, M. Videnovic: Ivino, A. Rubtsov: Marbella Fantasy и J. M. Damase: Trio.

Continue Reading

Претходно: Изгаснати 22 пожари на отворен простор, ЦУК ја следи состојбата
Следно: (ВИДЕО): Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина

Поврзани вести

Ideale
  • Култура
  • Настани

Концерт „Ideale“ на 15 август во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 07/08/2026 08:02
plakat_carsija_bitola
  • Култура
  • Настани

Кога чаршијата пее… Битола добива свој фестивал на чалгијата

Шеталиште 07/08/2026 07:51
824-1-1024x724
  • Култура
  • Настани

Концерт „Grandi Duetti Soprano-Tenore“

Шеталиште 06/08/2026 11:26
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 1
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 2
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 3
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 4
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 5
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани