Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

Шеталиште 16/02/2026 12:58
20260216130149_big_730x400_71

Нема да има кратења на субвенциите, туку ќе се воведат дополнителни условувања во делот на производството. Целта е да се зголеми продукцијата на храна и финансиската поддршка да ја добијат вистинските земјоделци, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Трипуновски најави засилени, но не, како што напомена, тенденциозни контроли на терен, зашто се вооочени корисници на субвенции кои воопшто не ги обработуваат површините. Притоа потсети дека минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство и се ставаат на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање државни средства кај лица кои досега користеле поддршка, а не обработувале земјоделска површина.

Неблагодарно е, дополни, да се даваат по 100 милиони евра годишно, а да се бележи пад на производството и на сточниот фонд.

– На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, а новина или мала реформа е тоа што се воведува минимално зголемување на површините и бројот на грла како услов за користење на субвенциите. Во делот на поледелските култури досега требаше да се има 0,2 хектара земјоделско земјиште за да добиете субвенции, а сега тој праг го зголемуваме на 0,7. Во сточарството досега за една, две или три крави можеше да се добијат субвенции, но сега ставаме долна граница од три грла. Целта е да стимулираме вистински раст на земјоделството. Ако погледнеме статистички, во една декада ние можеби имаме раст во бројот на грла, но има пад во млекопродукцијата. Се менуваат условите и во козарството – досега беа прифатливи 10 грла, а од сега одиме со новитет од 30 грла. Во пчеларството, ако досега 10 пчелни семејства беа услов за користење субвенции, сега ќе бидат најмалку 30, рече Трипуновски на брифингот.

Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки капацитети или откупувачки центри. Сето ова, рече, се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат.

Министерот ги отрфли како неосновани и невистинити обвинувањата од опозицијата дека ќе има кратење на субвенциите.

– Сакам да ги отфрлам обвинувањата од опозицијата и од сите што се обидуваат да ја коментираат Програмата за 2026 година – нема кратења на субвенциите, туку има дополнителни условувања во делот на производството. Сите реформи што ги правиме се за да дадеме правец каде ќе се движи Македонија во наредниот период. Мора поддршката да оди кај вистинските земјоделци кои навистина работат и произведуваат. Постојат категории луѓе кои се обиделе да го злоупотребат системот и да користат земјоделски субвенции. Со новите капацитети на Платежната агенција и теренските контроли, ќе се елиминираат сите што сакаат да печалат на грбот на државата, да земаат субвенции, а да не учествуваат во земјоделството. Фокусот ќе бидат вистинските, активни земјоделци кои навистина работат и придонесуваат во секторот. Тие треба да бидат поддржани од државата, изјави Трипуновски по брифингот со новинарите.

За кампањата „Македонско најдобро“, што почна лани, министерот информира дека ќе продолжи и оваа година.

– Со зголемување на националната свест за купување домашни земјоделски производи и преработки, се поддржува домашната економија и македонските земјоделци. За поздравување е тоа што веќе и кондиторската индустрија и преработувачките капацитети се расположени да ја промовираат кампањата со аплицирање на логото како знак на препознавање на полиците, рече Трипуновски. 

 

 

 

фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош
Следно: На прилепскиот карневал „Прочка“ над 500 учесници од земјата и странство

Поврзани вести

gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Барел нафта повторно над 100 долари

Шеталиште 13/03/2026 07:04
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
nafta-1
  • Економија

Светот стравува од нафта од 200 долари: Нова енергетска криза на хоризонтот

Шеталиште 12/03/2026 08:52
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста FB_IMG_1773507468439 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста

14/03/2026 17:02
Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права brane-petrushevski 2
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

14/03/2026 11:13
Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата Simona-Cvetanovski 3
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

14/03/2026 11:10
Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи Timco-Mucunski 4
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

14/03/2026 10:55
Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји Aliu 5
  • Вести
  • Македонија

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

14/03/2026 10:52

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1773507468439
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста

Димитар Петковски 14/03/2026 17:02
IMG_1604
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.03.2026)

Шеталиште 14/03/2026 11:33
brane-petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Шеталиште 14/03/2026 11:13
Simona-Cvetanovski
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

Шеталиште 14/03/2026 11:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани