Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, информираше дека е договорена минимална откупна цена на пиперката која нема да биде пониска од 25 денари за килограм откупена на рефус.
„Откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус. Исто така, договорена е и динамиката на откупот, при што целата пиперка ќе биде откупена“, објави на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

