Територијалната противпожарна единица Прилеп од вчера во 15:45 часот интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино (ЕЛС Долнени), соопшти ЦУК.
Во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со едно противпожарно возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото.
Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. Пожарот е се уште активен.