Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Тулси Габард објави тајни документи за Ковид-19: Фаучи лажел, народот заслужува да ја дознае вистината

Шеталиште 20/06/2026 08:21
tulsi-gabard

Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи.

– Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и страдања за милиони наши сограѓани Американци и безброј луѓе ширум светот. По години лаги, цензура и прикривања, американскиот народ заслужува транспарентност, вистина и одговорност, рече Габард во изјава за медиумите.

Објавувањето на документите е најновиот чекор во поширокитe напори на сегашната администрација да ги преиспита одлуките донесени за време на пандемијата, како разузнавачките и научните процеси поврзани со активностите околу Ковид-19. Објавувањето на документите доаѓа во време кога Габард се подготвува да ја напушти функцијата, откако објави дека ќе се повлече, а претседателот Доналд Трамп го назначи Бил Пулит за нејзин наследник

Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) соопшти дека документите вклучуваат внатрешна преписка, обвинувања од дојавувачи и разузнавачки информации поврзани со истрагите за потеклото на пандемијата.

Габард, исто така, го обвини Фаучи дека „лажел пред Конгресот под заклетва во 2024 година“.

ODNI тврди дека Фаучи, додека бил директор на Националниот институт за алергии и заразни болести (NIAID), учествувал во дискусии поврзани со разузнавачките информации за потеклото на Ковид-19, останал во контакт со разузнавачките службеници за време на клучните фази од процесот и го надгледувал финансирањето на истражувањето на коронавирусот во Институтот за вирусологија во Вухан.

Според Габард, Ентони Фаучи насочил милиони од средствата на даночните обврзници за истражување на коронавирусите на лилјаците во Вухан. Докумените укажуваат дека Фаучи соработувал со политизирани разузнавачки службеници за да ги потисне информациите за теоријата за протекување на вирусот од лабораторијат и неговата улога во финансирањето.

Агенцијата понатаму наведува дека некои од комуникациите се во спротивност со сведочењето на Фаучи пред Конгресот од 2024 година. Фаучи постојано ги негираше обвинувањата дека ги довел во заблуда пратениците или го прикривал потеклото на Ковид-19, нарекувајќи ги таквите тврдења „апсурдни“ за време на конгресното сослушување во јуни 2024 година.

Тој, исто така, рече дека и природното потекло и лабораториската несреќа остануваат можни објаснувања за појавата на вирусот, иако верува дека достапните докази повеќе укажуваат на природен пренос отколку на лабораториска грешка.

Американските разузнавачки агенции не донеле конечен заклучок дали вирусот потекнува од лабораторија или е природен, а тоа не се посочува и во новообјавените документи.

Ковид-19, предизвикан од коронавирусот SARS-CoV-2, првпат беше идентификуван во Вухан, Кина, кон крајот на 2019 година и беше прогласен за глобална пандемија од страна на Светската здравствена организација во март 2020 година.

Пандемијата доведе до милиони смртни случаи низ целиот свет и предизвика големи нарушувања во јавното здравје, економијата и општеството.

Потеклото на вирусот останува под истрага, а научниците и разузнавачите продолжуваат да ги разгледуваат и природното потекло и сценаријата поврзани со лабораториска грешка.

Извор: МИА

 

Continue Reading

Претходно: Претседателот Паз прогласи вонредна состојба во Боливија
Следно: Спектакуларно отворање на БИТ ФЕСТ со мјузиклот „Као какао“

Поврзани вести

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
SUP-board
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

Шеталиште 16/07/2026 11:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани