Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Здравје

Туршија го штити организмот од болести

Шеталиште 23/09/2025 08:09
images

Во зимскиот период, кога свеж зеленчук е речиси недостапен, нутриционистите советуваат честа консумација на туршија како одличен извор на витамини и хранливи материи. Ферментирањето, замрзнувањето и скиселувањето се најдобрите начини за конзервирање на зеленчукот, при што се задржуваат голем дел од неговите нутритивни својства.

„Ако туршијата е направена на традиционален начин, со природно ферментирање на собна температура, без додавање адитиви и конзерванси, освен сол, тогаш таа претставува вистинска ризница на хранливи материи“, објаснува нутриционистот Тарик Золотиќ.

Туршијата содржи млечни бактерии – природни пробиотици кои имаат исклучителна улога во одржувањето на здравјето. Пробиотиците придонесуваат за разградување на храната, штитат од штетни бактерии, вируси и токсини, а во некои случаи помагаат и во уништување на канцерогени материи. „Латинскиот збор pro bios значи ‘за живот’, што само по себе говори за нивната важност“, додава Золотиќ.

Пробиотиците заедно со влакната од киселиот зеленчук помагаат во регулирање на варењето, намалување на гасовите и ублажување на воспаленија во цревата.

Особено место меѓу киселите продукти има киселата зелка. Во 100 грама има само 27 калории, што ја прави диетална храна, но содржи и 35 милиграми витамин Ц – околу 35% од дневните потреби. Токму поради ова, во минатото морнарите задолжително носеле буриња со кисела зелка на долги патувања за да се заштитат од скорбут, болест предизвикана од недостиг на витамин Ц.

Киселата зелка е богата и со витамин К, кој е неопходен за правилно згрутчување на крвта и здрави коски, бидејќи овозможува правилно таложење на калциумот. Дополнително, ензимите и влакната од зелката го подобруваат варењето и позитивно влијаат врз срцевото здравје.

Основен рецепт за туршија

За подготовка на туршија најчесто се користат зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол и моркови, но може да се додадат и зелени динчиња.

Потребни состојки:

2 кг карфиол

2 кг пиперки за туршија

2 кг моркови

2 кг зелени домати

2 кг зелени динчиња

300 г сол

300 г шеќер

250 мл есенција

2 + 8 л вода

Зеленчукот се мие и реди во сад за туршија што може добро да се затвори. Следниот ден се приготвува пресол од 2 литри вода, сол и шеќер, кој се меша со есенција и уште 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот, при што мора да биде целосно покриен. Садот се затвора и за десетина дена туршијата е подготвена за консумација.

Туршијата не е само зимница што го збогатува трпезата, туку и вистински природен лек што го зајакнува имунитетот и ја одржува виталноста во студените месеци.

Continue Reading

Претходно: Три активни пожари – гори на планината Кожуф, во Македонски Брод и во Студеничани
Следно: Цената на златото достигна рекордно високо ниво

Поврзани вести

Melanoma-4
  • Здравје

ЦИМ: Куба разви лек против меланом

Шеталиште 27/08/2026 08:56
zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани