Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот

admin 29/11/2023 00:00
mende

Незадоволни сме и револтирани зашто откупувачите не сакаат да го слушнат нашето барање и немаат слух за покачување на откупните цени на тутунот, рекоа на денешната прес-конференција во Прилеп од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Тие денеска имаа состанок со откупувачите во Министерството за земјоделство во Скопје.

-Цела недела комунициравме со откупувачите на кои им ги доставивме нашите барања за зголемување на откупните цени на тутунот по класи. Денеска имавме средба во Министерството за земјоделство. Откупувачите воопшто немаат слух за зголемување на цените и одбиваат без никакво образложение. Прво не викаат на преговори, а од преговорите не излезе ништо и ние како Сојуз ја напуштивме седницата, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Но, додаде, остануваме на ставот дека мора да се зголемат цените.

-Нашето барање го темелиме на фактот дека имама 20 отсто инфлација и зголемени трошоци на живот и на производство. Ни треба реално проценување за да преживееме и да може да ја планираме наредната реколта, но сето тоа е доведено во прашање. Нема законска можност да ги спречиме да откупуваат, но ќе бараме и ќе ги користиме сите алтернативни можности. Пред 15 ноември, пред да течат роковите за откуп, рековме дека нема да пуштиме повереници на вагите, но не може да ги спречиме и оставено е на нивна лична проценка,рече Стомнароски.

Тутунарите бараат зголемување од минимум 20 отсто. Последните откупни цени кои не сакаат фирмите да ги зголемат се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа тутун.

Менде Мицаноски, член на Сојузот и тутунопроизводител смета дека ваквата ситуација ја уништува оваа производствена гранка, а родот годинава е преполовен.

-Тутунот е преполовен во споредба со лани. Климатските промени си го направија своето. Оваа ситуација е многу тешка и речиси погубна за производството. Младите не сакаат да го работат поради неисплатливоста, рече Мицаноски.

Според тутунопроизводителите, годинашниов род е околу 13.000 тони тутун, што е околу половина помалку од лани. Тутун ќе откупуваат 10 фирми, а законскиот краен рок за почеток на откупот е 15 декември.

Continue Reading

Претходно: Учениците од ранливите семејства треба да аплицираат за да ја добијат помошта
Следно: Прегазен 38-годишен битолчанец, се здобил со тешки повреди

Поврзани вести

1000052098-1024x768-1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалерките до 19 години победија на гостувањето во Косово

Димитар Петковски 14/10/2026 11:04
666680693_1280368097558320_2599030599246288498_n
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот на женската репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Димитар Петковски 14/10/2026 11:02
201b9fbfa93d41b74497ae5325749dac
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион

Тоше повторно е голема вест во регионот

Шеталиште 13/10/2026 14:14
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Силно невреме ја зафати Грција: Поплавени објекти, прекини во струјата и забрана за испловување фериботи nevreme 1
  • Балкан

Силно невреме ја зафати Грција: Поплавени објекти, прекини во струјата и забрана за испловување фериботи

14/10/2026 13:03
41 – годишен битолчанец физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга policija-3 2
  • Битола инфо

41 – годишен битолчанец физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга

14/10/2026 12:34
Почина уште еден пациент со западнонилската треска – досега 11 смртни случаи Komarec 3
  • Македонија

Почина уште еден пациент со западнонилската треска – досега 11 смртни случаи

14/10/2026 11:30
Фудбалерките до 19 години победија на гостувањето во Косово 1000052098-1024x768-1 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалерките до 19 години победија на гостувањето во Косово

14/10/2026 11:04
Селекторот на женската репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата 666680693_1280368097558320_2599030599246288498_n 5
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот на женската репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

14/10/2026 11:02

Можеби сте пропуштиле

IMG_7355
  • Промо

КС Групација ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола

Шеталиште 14/10/2026 13:10
nevreme
  • Балкан

Силно невреме ја зафати Грција: Поплавени објекти, прекини во струјата и забрана за испловување фериботи

Шеталиште 14/10/2026 13:03
0f91c6bf3bd5f464
  • Промо

Новата сезона бара добра подготовка – Почни со зимските гуми

Шеталиште 14/10/2026 12:46
policija-3
  • Битола инфо

41 – годишен битолчанец физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга

Шеталиште 14/10/2026 12:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани