Утрово Министерството за внатрешни работи го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце. Тој е приведен за кривично дело „проневера во службата“ во Државна Лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари.
Откако во 2024 година ја напушти Македонија, за него беше распишана меѓународна потерница. Стејт Департментот на САД го стави Груби на црната листа заедно со судијата Енвер Беџети.
Извор/фото: Слободен печат

