Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е уапсен во акција под налог на Обвинителството за гонење на организиран криминaл, во акција со МВР и финансиска полиција.
Екс претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски е приведен под сомнение дека вршел незаконски активности.
Против него е поднесена пријава за даночно затајување, како и за фалсификување и уништување на деловна документација.
Според сомнежите, во 2019 година во завршната сметка биле внесени неточни податоци, а не бил платен ни данокот на добивка, со што ФФМ се стекнала со незаконска финансиска корист од над 1,6 милиони денари, додека државниот буџет бил оштетен за истиот износ. Во истата акција беа приведени и повеќе негови тогашни соработници, меѓу кои и Олгица Младеновска, која ја извршувала функцијата задолжена за финансии во Фудбалската федерација.
Пред неколку месеци беше уапсен и Муамед Сејдини, кој се товареше за финансиска злоупотреба од околу 700.000 евра поврзана со изградба на трибина на стадионот во Охрид, со средства од УЕФА.