Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Убавото време го исчисти снегот од патиштата – проблеми има само уште на неколку патни правци

admin 26/11/2023 00:00
slovenija-sneg2-1

Убавото време денес само по себе е добра вест за службите – снегот брзо го снема од патиштата. Вчерашните врнежи од снег направија проблеми на многу места, возачи останаа заглавени во метеж со часови, лизгавиот коловоз го парализираше сообраќајот во државата. Сега состојбата е стабилизирана и насекаде се вози без проблеми.

„Денес сите магистрални и регионални патни правци се проодни. Сообраќајот се одвива редовно и без никакви забрани“, изјави Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје

Вчерашната слика беше многу поразлична од денешната. Беа затворени неколку патни правци поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти. Беше затворен автопатот од Свети Николе до Миладиновци и полицајци ги пренасочуваа возилата. Проблеми имаше на Стража, а на Плетвар имаше огромни редици возила поради излизган камион на патот. Во следните денови повторно се очекува влажен бран велат од УХМР, но снегови ќе има само на планините.

„Оној влажен бран којшто ќе го имаме во вторник преку целиот ден и потоа во среда, ќе донесе нови врнежи од снег меѓутоа претежно на планините во западните делови, каде шт се очекуваат и пообилни врнежи, а тоа значи и позначително зголемување на снежната покривка. Сепак на пониските места не се очекуваат врнежи од снег“, информира Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.

Снежна бура имаше и во Скопје и околината. Но, денес нема ни траги во градот.

Денешната температура е 5 Целзиусови степени. Секаде низ главниот град е чисто, а остатоци од вчерашниот снег има во околните скопски места, како на пример во катлановско Блаце.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирале зголемен број на повици на телефонскиот број 112.

„Вкупно 2037 повици за итни случаи се регистрирани во изминатото деноноќие, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден“, соопштија од ЦУК.

Денешните информации од службите велат – Стража е проодна, неколку планински патни правци се непроодни, а забрана за камиони има на патот кон „Деве Баир“.

Continue Reading

Претходно: ЈП Комуналец – Битола на терен по снежното невреме
Следно: Цената на струјата останува иста, од 1. декември два часа евтина тарифа од 13 до 15 часот

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани