Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

УЕФА заедно со ФФМ изработуваат нова стратегија за финансиска стабилност и рационализацијата

Димитар Петковски 01/07/2026 16:53

Фудбалската федерација на Македонија во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал.

Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус Мекдоналд. Средбата беше посветена на презентација и анализа на актуелната состојба во Федерацијата, со посебен акцент на финансиската стабилност на ФФМ.

Анализата на приходите и расходите покажа дека е неопходно ФФМ да продолжи со строга политика на рационално трошење и штедење, преку дополнително намалување на непродуктивните и нефудбалските трошоци. Иако во изминатиот период веќе се реализирани значителни кратења во одредени сегменти, за долгорочна финансиска одржливост е потребна уште поголема дисциплина во управувањето со средствата. Препораките се секој трошок што не придонесува директно за развојот на фудбалот да биде предмет на преиспитување и рационализација.

Како основа за новата стратегија, ФФМ го заврши процесот на мапирање на фудбалската инфраструктура и терените низ целата држава. За првпат стратешките одлуки ќе се носат врз основа на конкретни податоци, преку анализа на мапирањето, демографските показатели и останатите релевантни информации. Овој пристап ќе овозможи инвестициите и развојните активности да бидат насочени таму каде што навистина постои најголема потреба и потенцијал.

Во процесот на креирање на стратегијата се вклучени сите клучни чинители во македонскиот фудбал, професионалните клубови, претставниците на grassroots фудбалот, тренерите, судиите, официјалните лица, фудбалерите, навивачите и партнерите. Преку нивните ставови, идеи и искуства, ФФМ ќе изгради заедничка визија и јасно дефинирани стратешки цели кон кои сите заедно ќе се движиме во следните пет години.

ФФМ во овој процес ја има целосната поддршка од УЕФА, која преку својата експертиза и методологија обезбедува пристап што е прилагоден на специфичните потреби и предизвици на македонскиот фудбал. Истовремено, Федерацијата добива пристап до најдобрите европски практики и искуства, што ќе овозможи новата стратегија да биде реална, одржлива и амбициозна, со јасна цел, македонскиот фудбал да направи исчекор кон следното ниво на развој.

Continue Reading

Претходно: Бранко Ангеловски нов тренер на Еурофарм Пелистер 2
Следно: УХМР предупредува: Дожд, грмежи, силен ветер и можност за невреме со град денеска низ Македонија

Поврзани вести

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 3
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 4
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 5
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани