Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Уписите на УКЛО Битола започнуваат со промоција на значајни научни резултати – одобрени научни проекти од МОН

Шеталиште 19/08/2025 07:36
kocovv-61

Пред почетокот на првиот уписен рок, УКЛО Битола го претстави успехот во врска со одобрените научно-истражувачки проекти од МОН, со што е на второ место според број на одобрени проекти меѓу државните високообразовни институции и установи. Пригодата беше повод за силна порака –  Универзитетот ги поврзува новите академски генерации со значајните научни придобивки.

На настанот, покрај претставници од раководството на УКЛО, присуствуваа и главни истражувачи, декани и претставници од единиците и придружни членки на Универзитетот, носители на проектите. Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски посочи дека со овие резултати се афирмира научно-истражувачкиот потенцијал на УКЛО, благодарение на поддршката од МОН.

Промовирани се пет одобрени проекти од единиците на УКЛО што опфаќаат клучни општествени, технолошки и земјоделско –  еколошки области:

„Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност“, проект од Технолошко – технички факултет – Велес, истражувач, проф. д-р Весна Антоска Knights, има за цел преку современи математички модели во машинско учење да развие интегриран интелигентен систем кој во реално време ќе врши прецизно предвидување и оптимизирање на нутритивниот квалитет и принос на земојделските прехрамбени производи, развивање нови интердисциплинарни методи за поврзување на податоци од различни извори.

Научниот институт за тутун – Прилеп и истражувачот, проф. д-р Билјана Јорданоска Шишкоска ќе реализираат проект: „Информативен систем за агрохемиски својства и загаденост на земјоделските почви“ – со којшто ќе се изработи сеопфатна проценка на квалитетот на земјоделските почви, преку современи методи за анализа на плодноста, присуството на хранливи елементи и потенцијалните загадувачи. Со примена на напредни GIS технологии ќе се создадат детални карти за просторната распределба на нутриентите и потребите за ѓубрење, што ќе овозможи прецизно и одржливо управување со почвените ресурси.

Носител на проектот: „Паметна платформа за мониторинг на крави и производство на функционален млечен производ“ COW-TEC е Факултетот за биотехнички науки – Битола, со главен истражувач, проф. д-р Гордана Димитровска. Проектот претставува интегрирана научно-технолошка иницијатива насочена кон развој на иновативни решенија за одржливо и конкурентно млечно производство. Неговата основна цел е воспоставување на дигитална платформа за континуирано следење на добросостојбата на млечните говеда преку примена на сензорски оглавници и напредна софтверска обработка на податоци и опфаќа систематска научна анализа на корелација меѓу параметрите.

Правниот факултет – Кичево го претстави проектот „Употреба на дигитални платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина“, со главниот истражувач, проф. д-р Ангелина Станојоска – се фокус на употребата на дигиталните платформи и распространетоста на сајбер насилството во училишната средина, со цел да понуди нови сознанија и да го прошири научното знаење во оваа актуелна област. Целта на истражувањето е преку научно-истражувачките методи применети во емпириското истражување да се даде објаснување на сајбер насилството меѓу учениците, нивните перцепции , препознавање – за да  се дадат препораки што се применливи во различни образовни системи.

Истражувачот, проф. д-р Цветко Андреески од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид го презентира проектот: „Примена на предвидувачка аналитика и вештачка интелигенција за унапредување на туризмот во Северна Македонија“ – со цел да го унапреди туристичкиот сектор преку иновативна интеграција на информациски и комуникациски технологии (ИКТ) со фокус на предвидувачка аналитика и вештачка интелигенција (ВИ) посебно насочувајќи се кон одржливиот развој. Проектот ќе примени алгоритми за машинско учење за анализа на големи количини на податоци генерирани од туристите (мислења, однесување и преференции) со цел да се проектираат идни трендови на туристички движења и да се разбере нивното однесување и поттикнување на одржлив развој во согласност со целите на ООН.

На средбата со медиумите претставени се уште два проекти кои МОН  ги одобри за две придружни членки на УКЛО: ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид и главен истражувач: д-р Орхидеја Тасевска, проект-  „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“ , интердисциплинарна научна иницијатива за откривање на раните знаци на еколошка деградација и зачувување на биолошката уникатност на езерото преку современи истражувачки методи и интегрирани еколошки анализи и проектот, „Византиските монашки центри во РС Македонија – традиција и континуитет“  од Институтот за старословенска култура – Прилеп, главен истражувач д-р Александар Василески, мултидисциплинарно истражување посветено на културниот и духовниот континуитет на значајни манастирски локалитети од антиката до денес.

Со седум одобрени научно – истражувачки проекти, УКЛО во пресрет на новата академска година уште еднаш ја потврдува својата ориентација за наука, иновации и академски напредок – вистинска покана и за новите генерации студенти.

Continue Reading

Претходно: Денес и утре прв уписен рок на УКИМ, има место за 9.719 бруцоши на 23 факултети
Следно: Младата Месечина пристигнува во Девица: Три хороскопски знаци ги очекуваат промени

Поврзани вести

granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 2
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 3
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 4
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 5
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44

Можеби сте пропуштиле

denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани