Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Усвоени измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Шеталиште 24/06/2025 19:27
Zgrada-na-Sobranieto

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија.

Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави.

Овие измени се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, прилагодено на економските потреби на македонското стопанство.

Законот е подготвен во консултација со Стопанските комори и претставува продолжување на политиките за поддршка на бизнис заедницата. Главна цел е зголемување на конкурентноста, поттикнување на извозот и привлекување на нови инвестиции, особено во преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетиката.

Намалувањето на царинските стапки е направено за 50% од разликата меѓу постојните стапки и оние што ги применува ЕУ, во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Особено значајна е мерката за намалување на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што ќе придонесе за развој на енергетскиот сектор, подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем и поддршка на инвестициите во обновливи извори.

Дополнително, целосната либерализација на увозот на стоки со потекло од САД има за цел да ја засили конкуренцијата на домашниот пазар и испраќа позитивна економска порака во меѓународната трговија, со што се поттикнува воспоставување на реципроцитет и продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Continue Reading

Претходно: Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа
Следно: Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства од сопствените извори на финансирање

Поврзани вести

gorivo-pumpa-750x350-2
  • Македонија

РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании

Шеталиште 06/03/2026 10:44
37118 (2)
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Шеталиште 06/03/2026 09:12
soncevoo
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Шеталиште 06/03/2026 08:40
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“ 2-bitola-1-696x489 1
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

06/03/2026 13:47
Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска nis_piu_motorno_gorivo1-1 2
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

06/03/2026 13:43
„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон Screenshot 3
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

06/03/2026 13:11
15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец cargo_vessel_in_the_persian_gulf 4
  • Свет

15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец

06/03/2026 10:47
РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Македонија

РКЕ со нови правила за лиценцирање на енергетските компании

06/03/2026 10:44

Можеби сте пропуштиле

2-bitola-1-696x489
  • Битола инфо

Почна изградбата на спортска сала во дворот на училиштето „Стив Наумов“

Шеталиште 06/03/2026 13:47
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска

Шеталиште 06/03/2026 13:43
Screenshot
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

Шеталиште 06/03/2026 13:11
cargo_vessel_in_the_persian_gulf
  • Свет

15.000 туристи на крузери и 20.000 морнари се „заробени“ во Персискиот Залив, не е безбедно да се плови по Ормутскиот Теснец

Шеталиште 06/03/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани