Советот на Општина Новаци го усвои Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230.980.080 денари, односно 3.725.485 евра. Буџетот претставува реална и развојна рамка насочена кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и континуиран развој на општината.
Со Буџетот за 2026 година се планираат значајни инвестиции во економскиот развој, инфраструктурата, заштитата на животната средина, младите, спортот, како и во сите сфери на општествено, економско и социјално живеење во Општина Новаци.
Покрај реализацијата на големи капитални проекти, во Буџетот се предвидени и директни мерки за поддршка на граѓаните преку различни видови субвенции. Меѓу поважните мерки што се планирани за наредната година се издвојуваат:
- За првпат, секој ученик во основното образование ќе добие ваучер во износ од 6.000 денари на почетокот на новата учебна година, како инвестиција во образованието и иднината на младите.
- Повторно ќе биде објавен јавен повик за млади лица до 26 години за добивање возачка дозвола – Б категорија.
- Ќе се доделуваат субвенции за набавка на климатизери.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, истакна дека со овој буџет општината продолжува со одговорно и посветено работење во интерес на граѓаните.
„Овој буџет е доказ за нашата определба да инвестираме во луѓето, инфраструктурата и иднината на Општина Новаци. Ќе продолжиме да работиме транспарентно, одговорно и посветено, во интерес на сите жители“, изјави Стевановски.

