Православните христијани веќе се подготвуваат за одбележувањето на големиот христијански празник – Христовото раѓање Божиќ.
Традиционално, ќе се слави и Бадник во кругот на семејството покрај богата трпеза.
Бадник ќе се слави утре, на 6. јануари, а во среда, 7. јануари се слави Божиќ.
На третиот Божиќ се слави денот посветен на Светиот Архиѓакон Стефан. Воедно ова е денот кога се слави првата слава по Божиќ.
Бадник е неработен само за православните верници, а Божиќ за сите граѓани.
Во јануари следен неработен ден е 19. јануари – Богојавление.

