Утре е неработен ден, набрзо уште еден продолжен викенд

0
Споделивања

Неколку празници кои се неработни денови следуваат и во текот на периодот што доаѓа.

Првиот неработен ден е 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, додека пак 2-ри јуни православните го чествуваат Духовден кој се паѓа во петок, со што следува продолжен викенд.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

За сите граѓани на РСМ

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 2 август (среда), Ден на Републиката,

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

0
Споделивања
Exit mobile version