Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

Утре изложба во Прилеп на младите уметници Јана и Софија Тодорови

Шеталиште 23/07/2025 13:57
thumbnail

На 24 јули 2025 / четврток/ од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК  „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ Наследство од вечната љубов”, прва изложба на младите уметници Јана Тодорова и Софија Тодорова.

За изложбата:

Детската креативност, со својата безрезервна природа, создава чувство на бескрајна радост. Свежината и талентот со кои децата создаваат уметност постојано инспирира и восхитува. Во делата на младите уметници Јана и Софија Тодорови, со прилепско потекло, јасно се гледаат слободната ликовна игра и нивната раскошна имагинација.

Јана Тодорова е родена во 2012 година во Скопје. Таа е ученичка во ООУ „Петар Поп Арсов” во родниот град. Јана активно учествува на бројни ликовни натпревари и конкурси во нејзиното училиште, каде во VI одделение освоила прво место.

Во творештвото на Јана Тодорова се забележува наклонетост кон апстракцијата. Нејзините дела се одликуваат со раскошна сликарска палета. Експресивниот карактер на нејзиното богато ликовно изразување открива вешта употреба на линијата во различни големини и насоки, карактеристични текстури, разновидни форми и исклучително чувство за боја.

Покрај експресивните апстракции, во нејзиното творештво се вклучени и пејзажи кои покажуваат извонредно познавање на перспективата, функцијата на бојата, како и употребата на текстурата.

Софија Тодорова е родена во 2015 година во Скопје. Таа е ученичка во ООУ „Петар Поп Арсов” во Скопје, каде активно учествува на ликовни натпревари. Во II одделение, Софија го освоила првото место на училишниот ликовен натпревар.

Ликовниот израз на Софија Тодорова се истакнува со моќен експресивен потег и живописна колоритност. Нејзиниот апстрактен јазик содржи разновидни линии, форми со различни големини и впечатлив спектар на бои. Во нејзините композиции, динамичните сликарски потези создаваат релјефна структура на површината на платното. Софија поседува исклучително чувство за употреба на бојата, што јасно се гледа во нејзините колористички интервенции.

Безбројни емоции извираат од богатото колоритно творештво на сестрите Јана и Софија, изразени преку бојата и движењето на линијата. Овие емоции потекнуваат од нивната длабока потреба за постојано уметничко создавање. Во сликарскиот опус на Јана преовладува асоцијативната апстракција, додека во ликовното творештво на Софија доминира апстрактната експресија. Нивните апстрактни композиции, збогатени со искрени детски радости, сведочат за исклучителен уметнички талент наследен од вечната љубов –
вели м-р Викторија Димеска, историчарка на уметност.

Continue Reading

Претходно: Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ
Следно: Црвен Крст и Општина Прилеп со акција во центарот на Прилеп

Поврзани вести

IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
682738107_1146695597597852_5072943248499922598_n
  • Култура
  • Настани

СМИЛЕВО КАКО ОТВОРЕН ПРОЦЕС: ЗАПОЧНУВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС 2026“

Шеталиште 02/05/2026 07:22
Monodrama (46 of 149)
  • Настани

ФОТО: Свечено затворен 27. Интернационален фестивал на монодрама – Битола

Шеталиште 30/04/2026 08:54
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео) 098765 1
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

14/05/2026 20:22
Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола! zkdnfmkslfmaf 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

14/05/2026 15:42
Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти 48370 (1) 3
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

14/05/2026 10:59
Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица 363636336 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица

14/05/2026 10:31
Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен napad-noz-960x636-640x424 5
  • Битола инфо

Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен

14/05/2026 10:25

Можеби сте пропуштиле

098765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 14/05/2026 20:22
zkdnfmkslfmaf
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

Димитар Петковски 14/05/2026 15:42
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
48370 (1)
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

Шеталиште 14/05/2026 10:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани