ЦК „Марко Цепенков“ утре 21 Мај 2026 / четврток/ од 20.00 часот ќе се одржи нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!
Во големата сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.
Публиката ќе биде дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија! Ќе се одржи уште една незаборавна вечер и ќе ги доживее најдобрите музички времиња!

