Вчера на територијата на Македонија имаше вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои во моментов шест се активни, девет се под контрола и 26 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите кај Македонски Брод, селата Тажево и Брезница кон ловиштето Јасен; на Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мали Илино и Брежани, на територијата на општините Охрид и Демир Хисар; кај селата Папрадиште и Ореше, Општина Чашка; во Општина Петровец гори кај Градманци и Дивље; пожар има и во близина на одмаралиштата на Пониква, Кочани и во Општина Студеничани гори кај селата Драчевица и Црвена Вода.
Под контрола се пожарите на териториите на општините Студеничани, Гевгелија, Дојран и Богданци, Македонски Брод, Пласницам, Делчево и Прилеп.