Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

„Ученикот“ премиерно во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

admin 26/12/2024 00:00
pretstava-prilep-1068x711-1

Претставата „Ученикот“ според текст на Мариус фон Маербург, во режија на Кирил Петрески, премиерно беше изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Текстот е доста провокативен и е од германски автор што ги поставува прашањата за природата на комуникацијата, за семејниот и образовниот систем против личниот избор.

– Претставата „Ученикот“, според драмскиот текст „Маченик“ од Мариус фон Маербург, со кратки сцени, со филмски јазик, ги прикажува современите предизвици на младата генерација. Во време на екстремности, политички, културолошки и социјални, една млада личност се спротивставува на противречностите на општеството. Својот начин на борба го одбира во религиозниот фанатизам. На тој пат, прво се судира со своето најблиско опкружување: со своето семејство, со професорите во училиштето, со учениците со кои учи. Новата генерација, генерацијата зет, барајќи се себеси во еден чудесен нов свет, кој ги изгубил својот центар, моралните вредности, семејството, религијата, целосно незаштитена е изложена на влијанија од сите страни. Таа станува лесна цел за манипулација и плен на фанатици од политичка, религиозна, квазиполитичка и квазирелигиозна провениенција. Губејќи ја врската со традицијата и семејството, оставена сама на себе, целосно неподготвена за она што ја очекува, ранлива и дезориентирана, стои изложена на нападите на потрошувачкото општество. Ова нѐ потсетува, исто така, дека цивилизациските, индивидуалните и политичките придобивки како слобода и демократија не се засекогаш, дека ги земаме здраво за готово. Забораваме дека многу лесно можеме да ги изгубиме нив ако не ги браниме доволно храбро, доволно силно и дрско и бескомпромисно и со уште поголема вера во нив од оние што ја чекаат својата шанса да ни ги одземат – вели режисерот Кирил Петрески.

Во претставата играат Зоран Иваноски како Ученикот, Марија Спиркоска Илијеска, Александар Тодески, од ансамблот на театарот и младите надежни таленти Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ. Сценографијата и плакатот се на Владо Ѓорески, костимите ги изработи Александар Џинго, а за музиката е задолжен Серафим Чернит.

Ова е последна премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ за 2024 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Continue Reading

Претходно: Поскапува такси-превозот во Битола
Следно: „Бисерите на Мал Битолски Монмартр“ во Ликовниот салон при Центарот за култура „Марко Цепенков“

Поврзани вести

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
ziveti_JakaVarmuz_2026-31
  • Култура
  • Театар

Премиера на две Чехови едночинки во Словенија во режија на Марјан Неќак

Шеталиште 11/03/2026 14:14
Vresok
  • Култура
  • Филм

Седмото продолжение на „Вресок“ го помести рекордот на гледаност

Шеталиште 02/03/2026 15:06
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани