Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70 000 натпреварувачи

Шеталиште 01/07/2025 12:44
Ucenici Prilep

Учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гавриловски-Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, освоија второ место на Европскиот квиз на пари за 2025 кој се одржа на 23 мај во Брисел.

На овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, во конкуренција од земјите на Европа, првопласирани биле ученички тим од Италија, а на третото место од Шведска.

Се работи за проект за финансиска едукација на ученици на возраст од 13 до 15 години на Европската банкарска федерација кој се организира од 2017 година.

Македонската банкарска асоцијација (МБА) го организира националниот натпревар и учеството на победничкиот тим на Европскиот квиз на пари.

Успехот на учениците и на нивниот ментор денеска на настан во МБА им го честитаа и министерката за образование и наука Весна Јаневска и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Министерката Јаневска истакна дека теми од финансиската писменост во нашиот образовен систем се изучуваат интегрирано, во повеќе предмети.

-Децата учат како да управуваат со парите, како да креираат буџет, како да пресметуваат ризици и освојувањето второ место во Брисел е доказ дека имаме успешно спроведување на програмите. Македонија и минатата и оваа година покажува дека изобилува со таленти односно со ученици кои освојуваат први до трети награди во големо количество, а МОН е тука да ги поддржи. Во новата законска регулатива предвидуваме поддршка и за учениците, но и за организаторите, кога има потреба, на меѓународни олимпијади или друг тип натпревари, рече Јаневска.

Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, изјави дека нашите ученици го освоиле второто место во конкуренција на околу 70 000 ученици од цела Европа откако победија и на Националниот квиз на пари.

-Во седум години, колку што Македонската банкарска асоцијација го организира овој настан, испраќаме македонски тимови на натпреварувањето во Брисел, четири пати сме биле меѓу првите три европски тимови. Тоа за нас навистина претставува големо задоволство и голема радост што децата се заинтересирани. Тоа придонесува за нивна финансиска едукација и воопшто за населението, изјави Стевкова Штериева.

Фото: МИА 

Continue Reading

Претходно: Во Битола изградени над пет километри велосипедски патеки
Следно: Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Поврзани вести

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани