Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Некатегоризирано

Уште десет битолчани добија сертификати за асистенти на лица со попреченост

admin 25/12/2024 00:00
gt-15-888

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на општинската организација на Црвен Крст, Лилјана Ристевска, денес ги доделија сертификатите на 10 лични асистенти, кои успешно ја завршија обуката од 3 месеци, спроведена од Црвен крст, а финансирана со износ од 200.000 денари преку програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2024.

Ангажирањето на асистентите е врз основа на договор на дело, а исплатата се врши во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади. Согласно Законот за социјална заштита, правото на лична асистенција е предвидено како услуга која им се обезбедува на лица со попреченост заради поддршка во секојдневниот живот и овозможување поголема независност. Личната асистенција се обезбедува, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги извршува без поддршка.

Личната асистенција се обезбедува за лица од 6 до 65 годишна возраст кои имаат потешка и најтешка телесна попреченост или потполно слепи лица во траење до 80 часа месечно и опфаќа:

– вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот во домот на корисникот

– помош и поддршка на работно место, во образовна установа/ центар каде корисникот обавува активности на оспособување

– помош и поддршка во заедницата во која живее корисникот

Услугата ја даваат исклучиво лиценцирани лични асистенти, при што личен асистент не смее де биде лице кое е член на семејството на корисникот, односно лице кое живее во исто домаќинство со него. Лична асистенција не можат да користат лица кои имаат склучено договор за доживотна издршка.

Continue Reading

Претходно: ЕУ воведува два нови системи за регистрација на патници во 2025 година – еве ги условите за да можете да патувате
Следно: Македонија добива нов скијачки центар Михајлово

Поврзани вести

horoskop-9-744x500-1-1
  • Некатегоризирано

Дневен хороскоп (02.09.2026)

Шеталиште 02/09/2026 07:09
ffm
  • Некатегоризирано
  • Спорт
  • Фудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ, парично ги казни ГФК Тиквеш 1930 и Струга Трим Лум

Димитар Петковски 28/08/2026 06:55
pozar2-960x540-1
  • Некатегоризирано

ЦУК: Пет активни пожари, два под контрола

Шеталиште 21/08/2026 08:08
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани