Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Уште 5 пациенти се пуштаат дома, четворицата кои се лекуваат во странство и натаму во критична состојба

admin 29/03/2025 00:00
brza_pomo

И денеска дел од пациентите кои беа згрижени во болниците во земјава заминуваат на домашно лекување. По состанокот на Кризниот штаб, министерот Арбен Таравари информира дека се испишани 5 пациенти кои се во добра здравствена состојба и од вкупно 21, на лекување сега остануваат уште 16 пациенти. Тој рече и дека надвор од државата остануваат 89 пациенти бидејќи двајца се враќаат во земјава еден од Литванија и еден од Шведска. Тие по пристигнувањето во земјава ќе бидат прво сместени во болниците за да им се провери нивната состојба па потоа и тие заминуваат на домашно лекување. Иако пациентите во критична состојба вчера имаа подобрување, Таравари вели дека денеска повторно има влошување.

„Четири пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, вчера кажав на прес конференција дека малку се подобрени, меѓутоа вчера вечер добивме информација дека повторно овие 4 пациенти се релативно во тешка состојба. Се уште има интубирани пациенти, се уште има пациенти кои што се во тешка состојба, меѓутоа засега повеќето од пациентите се надвор од животна опасност. Засега, тоа не мора да значи дека така ќе продолжи, ние се надеваме и знаеме дека нашите колеги даваат максимум и се надеваме да се подобри нивната состојба“, рече Таравари.

Директорката на Клиника за пластична хирургија Јасмина Георгиевска Павловска вели дека сите оние кои имаат потреба од интервенција на лузните дека тоа ќе се прави на Клиниката. Воедно порачува и како да се однесуваат оние кои имаат заздравени изгореници.

„За лузни имаме многу различни начини за третирање, така што се што може го имаме и ние, се ќе се направи и тоа исто би го нуделе и надвор од Македонија. Треба хидратантни креми без парфеми, без бои, значи да се од медицинска козметика, заштитен фактор 50 задолжително да користат кога ќе излезат на сонце и најубаво е сега воопшто да не излегуваат на сонце.“, изјави Георгиевска Павловска.

Од понеделник се очекува дека ќе бидат пуштени на домашно лекување уште најмалку 5 пациенти, а се очекува во земјава да се вратат и пациенти кои се на лекување во странство.

Continue Reading

Претходно: Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
Следно: Почнува летната сезона, 47 редовни летови од Скопје и 7 од Охрид

Поврзани вести

oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

Шеталиште 11/04/2026 08:59
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани