Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат

Шеталиште 14/01/2026 17:51
UJP-foto

Управата за јавни приходи ги демантира написите во некои од медиумите дека се укинува мерката „Мој ДДВ“.

– Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „Мој ДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани може да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права во согласност со законските одредби. За спроведување на мерката „Мој ДДВ“ се предвидени средства во буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување, соопшти денеска УЈП.

Дека не се укинува мерката „Мој ДДВ“, дополнуваат од УЈП, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ објасни и директорката на УЈП, Елена Петрова, која посочи дека: „За 2025 година, за секое тримесечје, преку мерката се исплаќаат речиси 14,5 милиони евра директно кон граѓаните и во просек 502.000 граѓани активно скенираат фискални сметки и добиваат поврат на средства во едно тримесечје“.

– Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што претставува 56,2 милиони евра вратени на сметките на граѓаните по основ на „Мој ДДВ“. Гледано по квартали, повратот на средства преку „Мој ДДВ“ во текот на 2025 година е следен: за К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници; за К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници; за К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници; за К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници; за К4 2025 година налозите се во обработка и во согласност со законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година – се вели во соопштението.

Во текот на 2025 година биле извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците што немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати. Притоа за скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари; за скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари; а за сметки скенирани во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.

На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „Мој ДДВ“ исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.

УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.

– Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамките на тековните технички подобрувања на системот можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување, соопшти УЈП.

Continue Reading

Претходно: Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
Следно: Ладно утро со слана, викендов нов ладен бран и можен слаб снег

Поврзани вести

nafta-1
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани