Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Фабрис Тамба двоен стрелец за победа на Шкендија над шампионот Вардар (Фото)

Димитар Петковски 09/08/2026 23:33
dsc_4022-1536x1048

Шкендија од Тетово го доби првото дерби против ФК Вардар оваа сезона откако го победи актуелниот шампион со 0-2 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Фабрис Тамба, кој влезе на почетокот на вториот дел, беше двоен стрелец во 52.минута и во 77.минута.

Артим Положани успеа да го надмудри Кристијан Фабијани, а Шкендија беше за класа подобра според прикажаното на дерби пресметката. Вардар ја имаше првата закана во 12.минута, кога Кастањеда упати удар од 20 метри, но не беше прецизен. Веќе во следната минута многу поизгледна шанса имаше Пулеио, шутираше силно од 12 метри, но исто така непрецизно.

Во 16.минута, Герсон Родригез упати удар со глава, но директно во голманот на Шкендија, Ферат Рамани. Пред крајот на првото полувреме, Бесарт Ибраими се обиде со шут од 18 метри, кој Давор Талески успеа да го одбрани.

Во последните мигови од првиот дел, Бобан Николов се обиде од слободен удар од 25 метри, но не беше прецизен.

Во 49.минута, Шкендија имаше шанса да поведе. Круезиу изведе брза акција, шутираше од 14 метри, но обидот во последен момент заврши во блок и во корнер.

Потоа следеше и удар на Трумчи од десната страна, но не беше доволно прецизен. Тоа беше најава за водството на Шкендија во 52.минута. Фабрис Тамба кој доби шанса на почетокот на второто полувреме го отвори резултатот, откако одлично беше проигран од Нзенгуе.

Вардар можеше да возврати само две минути подоцна. Пиреш продре по левата страна, шутираше откосо од левата страна, но Рамани успеа да одбрани.

Во 73.минута, колосална шанса пропушти Криезиу. Проигран од Красниќи, излезе сам пред Давор Талески, тргна во дриблинг и погреши, носејќи ја топката во гол-аут.

Во 77.минута, Фабрис Тамба ја удвои предноста на Шкендија. Неуспешна офсајд замка на вардарци, Тамба излезе сам пред Давор Талески и со лоб удар погоди на вистинското место. По завршувањето на натпреварот, се случи и физичка пресметка на теренот меѓу поголем број актери.

Фото ФФМ

Continue Reading

Претходно: Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)
Следно: Денеска многу топло, температури до 40 степени

Поврзани вести

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

14/09/2026 04:50
ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 4
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36

Можеби сте пропуштиле

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани