Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Фестивал на византиско црковно пеење викендов во Битола

Шеталиште 13/09/2025 10:09
Crkovno peenje

Викендов во Битола ќе се одржи фестивалот на византиско црковно пеење, насловен „Раѓањето на Пресвета Богородица“, на кој ќе настапат хорови од Битола, Струмица и Белград.

Според програмата, вечер во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола, ќе настапи детскиот црковен хор „Св. Стилијан“ и  машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, женскиот црковен хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и српскиот византиски хор „Мојсие Петровиќ“ од Белград.

-Фестивалот е основан во чест на Пресвета Богородица, во чиј храм и се реализира. Досега, на фестивалот настапиле повеќе хорови од Македонија, како што се: „Калистрат Зографски“ од Струга, „Херувими“ од Скопје, „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, „Пелагонитица“ од Прилеп, како и нашите битолски хорови „Св. Нектариј Битолски“, „Св. Макрина“ и детскиот хор „Св. Стилијан“. Во нашиот храм се негува исклучиво византиско црковно пеење, кое е наша вековна традиција во Битола, како и на поширокиот Балкански Полуостров. На фестивалот досега биле изведени бројни композиции од различни автори, меѓу кои и македонски композитори како: „Св. Јован Кукузел“, „Манасиј Поп Тодоров“, „Калистрат Зографски“ и други. Првпат оваа година, во Битола ќе ни гостува византискиот хор „Мојсеј Петровиќ“ од Србија, кој исто така ја негува оваа музичка дејност. Битола, како вековен духовен и културен центар, заслужува еден ваков фестивал на духовна музика, со чие афирмирање се збогатува и негува ова црковно пеење, а со тоа и се зголемува интересот кај нови љубители на овој вид музика, информираа организаторите на фестивалот.

Фестивалот се одржува со благослов на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар и завршува утре во 8 часот кога во храмот „Пресвета Богородица“ ќе се одржи архијерејска литургија, а хоровите учесници ќе приредат посебна утринска програма на византиско црковно пеење.

Фото: Фестивал на византиско црковно пеење

Continue Reading

Претходно: Атлетски поздрав од земјата на изгрејсонцето
Следно: СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

Поврзани вести

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани